Босна, Хрватска и Србија на удар на циклонот, засега нема опасност за Македонија

Обилни врнежи од дожд, град, грмежи – циклонот веќе е присутен и на Балканот. Метеоролозите предупредуваат дека бранот кој направи хаос во Германија, Италија, Австрија и Белгија веќе пристигна во Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, каде се поплавени улици, подрумски простории, а паднати се фасади и дрвја. Загрижувачки е тоа што нивото на реката Дунав може да се искачи и над пет метри, а за тоа алармираа и експертите во Словачка. На Србија може да влијаат поплавите кои се регистрирани последните 48 часа во јужна Германија и западна Австрија бидејќи е во прашање сливот на реката Дунав – вели хидрологот Дејан Владиковиќ.

Поплавите во јужна Германија и западна Австрија, и проблемите кај Салзбург може да додјат кај нас. Ние до скоро бевме во сушен период, но што се однесува до Дунав, има големи шанси да дојде тој бран кај нас, но нема да предизвика значајни проблеми. Постои можност на некои места да се приближи на нашиот тек на Дунав. Бидејќи и колегите од Словачка предупредија дека кај Братислава, нивото на Дунав може да се искачи и на пет метри – изјави хидрологот Дејан Владиковиќ.

Поплави има и во Приштина – врнежите од дожд во предизвикаа штети на улиците, домовите, влезовите на зградите.

Експертите велат дека вакво невреме не е запаметено во Европа во последните 100 години и ова се едни од најголемите поплави досега. Преупредуваат дека сега опасноста е да дојде до прелевање на браните.

Сликата во западна Германија е се уште застрашувачка – однесени куќи, планини од смет и искршен мебел, се трага по преживеани и починати. Калливи и непроодни улици, уништени домови – ова е секојдневие на жителите по долината на Ар – левата притока на реката Лана. 

Поплавите изминативе денови однесоа  речиси  200 животи и многу луѓе останаа без кров над глава. Исчезнаа цели градови и патишта.

Инаку германската јавност и опозицијата критикуваат дека системот за предупредување од природни катастрофи во Гермнаија затаил, со оглед на задоцнетото предупредување на граѓаните.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста