Бошков за Алфа: Петтиот пакет мерки мора час поскоро да се донесе, ако власта не сака да се затвораат компании

Бизнисот алармира, а власта и натаму тактизира со носењето на петтиот пакет мерки за спас на стопанството и граѓаните. Удолговлекувањето со државната помош која сите со душа ја чекаат, им создава дополнителни главоболки на стопанствениците. Апелираат власта да побрза со носењето на државната помош, зашто кризата добива на динамика. Според бизнисмените, мерките мора да се насочени кон малите и средните компании зашто тие се најпогодени.

  • По кој знае кој пат се одложува петтиот пакет мерки за спас на граѓаните и стопанството, кој среде пандемија сите со душа го чекаат. И додека бизнисот алармира, власта и натаму тактизира со неговото носење. Премиерот рече дека тој ќе се случел викендов, а работодавачите му порачаа дека време за губење се нема, ако сакаме да ги зачуваме работните места и опстанокот на компаниите во земјава.

Петтиот пакет мерки ќе им овозможи на фирмите да одберат дали ќе земат субвенции за плати како досега, или пак бескаматни кредити кој делумно ќе станат неповратни ако фирмата добро работи. Според Бошков, субвенциите за плати биле најдобра опција за да нема затворање на компании.

И додека кризата се продлабочува, премиерот по кој знае кој пат „ја пее“ истата песна, дека преговорите со засегнатите за новиот сет мерки се уште се во тек и очекува викендов да биде финализиран.

Покрај директната помош за плати, петтиот пакет ќе содржи уште неколку мерки за спас на фирмите. Целиот сет ќе тежи околу 50 милиони евра кои се додаваат на сумата од 1,1 милијарда, пари кои Владата ги даде за излез од кризата. Сепак, и покрај поддршката, газдите главно се незадоволни од висината на помошта зашто таа не била доволна, бидејќи досегашните четири пакети не ги дале посакуваните резултати.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста