Борисов води, Слави Трифонов најавува влада

Вонредните парламентарни избори во Бугарија втори по ред во рок од три месеци не носат јасни резултати и победник кој би имал  мнозинство, во длабоко – поделениот парламент. Во тесна битка за власта повторно е ГЕРБ на Бојко Борисов на со многу мала предност пред шоуменот Слави Трифонов и неговата партија „Има таков народ“ кој веќе прогласи победа па го најави и составот на новата влада. Трифонов кој според досегашните ставови секоја можност ја користеше да најави дека позициите се јасни во однос на Македонија и сега држи по своето – додека Скопје не попушти, ветото останува.

По теркот на своите шоуа во првото обраќање по гласањето како клучни приоритети предлага испраќање на најмалку двајца бугарски астронаути во НАСА, но и како провокација најавува дека идната бугарска влада ќе се обидела да приклучи и северномакеднски астронаут.

-Ќе иницираме и преку НАСА, двајца бугарски астронаути, маж и жена да заминат во вселената, а ќе земеме со нас и еден северномакедонски астронаут. Треба да престане да гледаме кон Земјата, туку да почнеме да гледаме нагоре, заклучи Трифонов.

Во видео обраќањето, Трифонов порача, дека, нема да коалицира, со која било партија, и ќе преземе политичка одговорност, да формира – независна влада составена од експерти, кои ќе имаат приоритети. За иден премиер го прогласи Николај Василев, кој веќе беше вицепремиер, и министер за економија – во две влади….

Дека Бугарија нема намера да ја менува политиката кон Македонија, независно од тоа кој ќе дојде на власт порачува и буграскиот претседател Румен Радев.

Иако македонскиот премиер Зоран Заев полагаше надежи во новата бугарска влада и менување на ставовите во однос на интеграциите на Македонија, со актуелната состојба во Бугарија очигледно дека до претседателските избори во октомври најверојатно нема да има конечни решенија поради немањето концентрирана политичка моќ.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста