БОРИСОВ ВО ПРИТВОР-ПОРАНЕШНИОТ БУГАРСКИ ПРЕМИЕР ОСОМНИЧЕН ЗА РЕКЕТ ТЕЖОК 30 МИЛИОНИ ЕВРА

Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов,  кој негува блиски пријателски односи со екс премиерот  Зоран Заев, доби 24 часовен притвор, откако бугарските органи синоќа го приведоа од неговиот дом. Бугарските медиуми објавуваат дека апсењето доаѓа по пријавата на бизнисменот Васил Бошков кој обвинува за рекет тежок 30 милиони евра. Ова го потврди и бугарскиот министер за финансии Асен Василев. Божков за истрагата изјавил дека му дал поткуп од над 60 милиони лева, односно 30 милиони евра на Борисов за што наводно, имал неспорни докази.

Во Софија овој настан се поврзува со објавените фотографии и снимки  од домот на Борисов, објавени пред околу две години, на кои можеа да се забележат оружје и голема сума во кеш во неговата спална соба.  

До Европското јавно обвинителство како главни докази биле испратени токму фотографии и видео материјал кои биле вклучени во предистражната постапка.

Актуелниот бугарски премиер Кирил Петков прв даде исказ по приведувањето на Борисов, на својот ФБ профил се пофали дека „никој не е над законот“.

Инаку апсењето на екс бугарскиот премиер следува само 6 часа по средбата меѓу актуелниот премиер Петков и главната европска обвинителка Лаура Ковеши која му предала документација за 120 случаи, за кои постои сомневање за корупција и несовесно работење со пари добиени од европските фондови.

Инаку во синоќешната акција приведени се и екс – министерот за финансии Владислав Горанов, поранешната шефица на одборот за буџет Менда Стојанова и поранешната шефица на службата за информирање на владата Севдалина Арнаудова. По апсењето на Борисов приврзаници од неговата партија ГЕРБ излегоа на протест во знак на незадоволство, а во бугарскиот парламент пратениците излегоа пред говорницата и бурно реагираа за ваквата одлука.

Инаку бугарскиот премиер бојко борисов имаше многу блиски односи со поранешниот премиер Зоран Заев, но и со актуелниот претседател Стево Пендаровски. Заев и Борисов беа и творци на Договорот за добрососедство кои беше потпишан и ратификуван пред неколку години. И покрај политичките разлики и притиосите од Бугарија врз Македонија, вклучувајќи го и ветото двајцата поранешни премиери како да го задржаа срдечниот однос.

Колку Борисов беше близок со македонските политичари сведочи и едно од многуте видеа од нивни заеднички средби и невообичаениот поздрав на македонскиот претседател Пендровски кој на Борисов му се обрати со зборовите „љубави„ и „поздрав од Зоки„.

Ивана Соколовиќ Најдова

Advertisements