Борисов по скандалозните снимки се жали се жали за демократија и го обвинува Радев

Не стивнуваат реакциите во Бугарија за скандалот со фотографиите од приватноста на премиерот Бојко Борисов. Тој самиот го обвини претседателот Румен Радев дека го шпионирал со помош на кинески дрон, а со цел да му нанесе штета во клучниот период кога Бугарија се обидува да влезе во Еврозоната.

  • Претседателот Радев ја премина границата и си дозволува да крене беспилотно летало и да ме фотографира. Над терасата, пред влезот и кога ќе викнам и ќе им кажам: Зошто не реагирате, овој дрон доаѓа на оддалеченост од еден метар од мене, можеби носи експлозив, тие велат: „Па претседателот го управува,, независен!“ Јас лично велам дека ме следи со беспилотно летало“- тврди  Борисов.

Борисов објаснува дека според бојата на прекривките во неговата соба, фотографиите се направени пред евроизборите и појаснува дека Радев лично го управувал дронот кој го добил на подарок од Кина. Радев, пак, возврати со констатација дека Борисов има навистина бујна фантазија.

  • Сум управувал авион, сум управувал и дрон. Не можам да толкувам сè што кажа Борисов, бидејќи за разлика од него, мојата фантазија сепак има некаква граница-рече Радев. 

Според Радев најважната работа е да се врати довербата на јавноста во институциите, додавајќи  дека од тоа зависи иднината на Бугарија. како правна држава. Главната улога, смета претседателот, ќе ја има обвинителството, кое треба да ги испита објавените аудио снимки и фотографии.

Ова е втор пат во една седмица да се појават компромитирачки информации против Борисов.  Пред неколку дена, анонимно беше објавена аудио снимка, на која се слуша глас кој многу потсетува на Борисов, како на непримерен начин ги коментира претседателот на бугарскиот парламент и заменикот премиер.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста