Борисов бара да попуштиме за „уште две-три работи“ – некои од нив прифатени уште со Договорот за добрососедство?

Бугарија барала Македонија да ги признае на бугарското малцинство во земјава, да бидат вметнати во Уставот и да се прекрои историјата уште во 2017-та кога беше потпишан Договорот за добрососедство, открива поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов во интервју за весникот 24 часа. Борисов е јасен дека и било кажано на македонската влада доколку бидат решени овие три теми, нема да има проблеми во билатералните односи.

„Ние им кажавме на нашите соседи, постојат две-три теми: малцинствата, промената во Уставот и изјаснувањето за историјата. Кога ќе ги решите, ќе продолжите напред. Ние на никаков начин не ги запираме, но како да им кажеме – повелете во Европската унија, а потоа да ја наполниме Унијата со проблеми за кои не се разбираме. Затоа ги забавивме. Еве, сега сме подготвени, тие да направат отстапки, нашата Влада да направи отстапки, да поминат во Собранието и ќе ги поддржиме.“, вели Борисов во интервјуто.

Премиерот во Заминување Зоран Заев дури летово ја потврди темата за внесување на Бугарите во македонскиот устав, кога јасно даде до знаење дека не било проблем во Уставот да бидат додадени како и другите заедници, што било пракса со голем дел од земјите непосредно пред полноправното членство во Европската унија да ги додадат и другите етнички заедници.

А изборот на старо новите бугарски челници не ги промени нивните забетонирани позиции кон Македонија за интеграцијата во ЕУ. Новиот бугарски премиер Петков прво најави решение за шест месеци, па беше остро нападнат од коалиционите партнери, дека позициите не се менуваат и остануваат категоричните 5+1 точка на претседателот Радев.

На инсистирање на Алфа првиот дипломат Бујар ОСмани потврди дека испратени се одговори до Бугарија за сите прашања и сега веќе нема што да и се забележи на Македонија, но конкретизира на што се согласила македонската страна.

По формирањето на новата влада и се поочигледниот избор на Димитар Ковачевски за премиер, тој ќе треба да му ја мисли како ќе ги неутрализира максималистичките барања на Софија или ќе ја следи воспоставената практика на пријателски однос на неговиот претходник Зоран Заев и покрај цврстото бугарско вето.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста