Борис Кондарко избран за нов претседател на ДИК

Борис Кондарко избран за нов претседател на ДИК

По промената на власта, промени и во највисокото изборно тело. Според законот претседателот на ДИК доаѓа од редовите на опозицијата, па Собранието денеска донесе одлука за усогласување на составот на комисијата. За претседател на Државната изборна комисија е избран Борис Кондарко, досегашен член на телото, по предлог на СДСМ. За негов заменик е именуван Абдуш Демири од Беса. Меѓу членовите на ДИК остануваат досегашниот претседател Александар Даштевски кој беше предложен од ВМРО-ДПМНЕ, потпретседателката Дитмире Шеху предлог од ДУИ  и Оливер Ристевски предлог од СДСМ.

Дополнително, Собранието донесе одлука за распишување на оглас за избор на двајца нови членови на ДИК, наместо Бобан Стојановски кој е назначен за заменик-генерален секретар на Собранието, и Радица Ристеска  која заминува во пензија. Огласот ќе биде отворен осум дена по објавувањето во Службен весник.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста