Борба за термин за вакцина против грип, надлежните велат ќе имало за сите

Матичните лекари водат вистинска борба за да добијат термин за вакцина за сезонски грип. Годинава речиси тројно е зголемен интересот за имунизација,но нема термини, бројот на вакцини е при крај,комерцијалните пак,ги нема воопшто. Лекарите се без информации каде е проблемот.

-Многу тешко се доаѓа до термин и никој не треба да ги обвинува матичните лекари затоа што термини навистина многу малце има , веднаш ви исчезнуваат за секунда …Сите очекувавме и дека ќе ги пуштат комерцијалните вакцини,кои многу би ни олесниле, изјави доктор Светлана Трифуноска, координатор на Матични лекари-Тетово

ОД  ВМРО ДПМНЕ пред неколку денови обвинија дека за вакцинација се трошат ланските залихи на вакцини, а нови нема сеуште.Алфа уште вчера побара конкретен одговор од Министерството,дали дозите за вакцини за оваа година се пристигнати во Македонија,но не добивме повратна информација. Во денешното соопштение само се вели, дека количините биле сосема доволни,а од денеска ќе го зголемеле и бројот на термини.

-Вакцините не се потрошени, продолжува системот на вакцинација. Можевме ние да направиме и друг систем нагло да се пуштат сите вакцини и да пробаме да се извакцинира поголем број граѓани, во пократок временски период, меѓутоа сметам дека тоа ќе беше голем хаос во амбулантите.

Матичните лекари реагираат и дека годинава не смеело да се дозволи оваа година обврската за закажување на термини за имунизација да падне на нивниот грб, со оглед на енормно зголемениот обем на работа што го имаат со ковид пациенти.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста