Борба против дивоградби во Вевчани со елементи на политички реваншизам ?!

Со полициска асистенција, в зори уште пред петлите да запеат директорот на јавното комунално претријатие во Вевчани, придружуван од вработените со тешка механизација, тргнале да уриваат дел од угостителски објект- сопственост на ќерката на екс градоналачникот на општината Цветомир Угриноски кој беше од редовите на ВМРО ДПМНЕ.

– Уште во 5.30 дојде полициска кола тука и службеници, во негде 5.50 ч дојдоа од јавното претпријатие заедно директоротот,со сите вработени, со багери, моторки сите алатки земени.Ова се три дрвени настрешници,нема потреба од багер не е бетонска градба па багер да руши.Ова им е и прв пат,нема Вевчани рушење досега, не е десено во историјава на нити еден градоначалник шо бил вакво нешто не е десено во Вевчани вели Наташа Мурџеска.

Мурџоска цени дека  работниците по налог на директорот брзале да рушат час побрзо, пред да се произнесе струшкиот Основен Суд од кого тие побарале донесување на времена мерка.Ова е вели таа, чист политички реваншизам.Во општината која не е урбанизирана,Советот нема донесено програма за поставување времени објекти и урбана опрема-додава Мурџоска.

– Значи спрема законот се’ е дивоградба ама пошто постои политичка одмазда кај нас тука,ние сме последни изградени тука, а први се рушиме.Ние плаќаме тука 30.000 комунална такса лани му се плати, значи сите имаат право да му ги бараат парите назад да им се вратат затоа што тие се незаконски пари. Без програма врз која основа ти наплаќаш, врз кој закон земаш ти комунална такса ?вели Наташа Мурџеска.

Градоначалникот Јанкоски признава дека од кога постои општината никогаш не била донесена програма за поставување на времени објекти и урбана опрема. И не само тоа, Вевчани нема генерален урбанистички план.

Проблемот е што во општина Вевчани не постои нити генерален урбанистички план, не пак детален план и врз основа на тоа не може урбанистот да зацрта точни маркици каде ќе се поставува урбана опрема и тие работи,меѓутоа овде е друг проблемот, тоа не е урбана опрема вели Сашо Јанкоски-градоначалник на општина Вевчани.

И додека во општината се гради според првиот генерален урбанистички план од 1996 година, кога и е основана општината,Јанкоски иако свесен дека истиот е неприменлив-тој тргна да урива четири дрвени греди од настрешница кои според него,се дел од монтажен објекти,заборавајќи ги притоа останатите дивоградби.Тој призна дека во општината има 5 куќи кои се нелегално градени и 10 објекти подигнати на државен имот.Не бил цар, туку градоначалник и морал да постапува по законите,ама в година-кога ќе се донесел генералнот урбанистички план за општина Вевчани.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста