Бонева поднесе тужба против сопственикот на уредник на порталот Доказ.мк

„ДЕНЕС ПОДНЕСОВ ТУЖБА ПРОТИВ СОПСТВЕНИКОТ И УРЕДНИК НА ПОРТАЛОТ ДОКАЗМ.МК, кој наместо да ја информира јавноста за постапката што ја водам пред суд, како многупати досега објави текст со неточен, навредлив, омаловажувачки и крајно дегутантен наслов за измислен секс скандал во врска со мене. МОЈАТА БОРБА Е БОРБА ЗА СИТЕ ЖЕНИ ВО ПОЛИТИКАТА, КОИ МОЖЕ ДА БИДАТ ЖРТВИ КАКО ЈАС! ЗАТОА, ГО ПОВИКУВАМ КЛУБОТ НА ЖЕНИ ПРАТЕНИЧКИ ВО КОЈ ВЛОЖИВ ДЕЛ ОД СЕБЕ И ЦЕЛОКУПНАТА ЈАВНОСТ ДА ГО КРЕНАТ ГЛАСОТ ПРОТИВ КЛЕВЕТИТЕ И ВЕРБАЛНОТО НАСИЛСТВО ШТО СЕ ПРАВИ ВРЗ ЖЕНИ КОИ БИЛЕ, СЕ И ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД ПОЛИТИКАТА.“ – напиша Бонева на фејсбук.

Во продолжение таа надолони дека насилството врз жените во политиката не е само за време на изборите, туку трае долго врз секоја жена што гласно се спротивставила на одредени политики на различни нивоа и така станала жртва на моќниците.

Бонева во својот стаутс запраша: Каква порака им праќаме на младите, посебно на жените што сакат да се вклучат и чесно да се борат во политиката, за доброто на својата татковина? Гледаат молк од жените кога неосновано растргнуваат друга жена, дури и жени кои без воопшто да им е важна вистината се вклучуваат во линчот врз неа. Гледаат дека најдобро поминуваат сервилните и тие што молчат и дека е опасно да се биде искрен и да се кажува вистината во лице. Пораките што секој ден се праќаат е како да се стигне до пратеничка функција, но со политика додвори се, не замери се, биди слеп подржувач, затоа што ако не слушаш ќе завршиш како Бонева. Па така, наместо жени во политиката со интегритет, ќе имаме сервилни пудлици, кои по линија на помал отпор ќе бидат само сенки на тие што ги водат. Платените ботови со скриени идентитети и портали од таков вид, кои на социјалните мрежи по наредба пишуваат гадости базирани на лаги, прават жените политичари да се плашат да се спротивставуваат на погрешните политики и да молчат за да не бидат растргнувани по директива. Теророт што се спроведува врз мене е само показна вежба како ќе завршат и тие, ако не бидат послушни и не гласаат како ќе им кажат. Но, јас повеќе нема да дозволам платеници да ме раскинуваат од сите страни, со неосновани навреди и клевети! Залудни се сите кампањи за борба против насилството врз жените, родова еднаквост и охрабрување на жените да се вклучат во политиката, ако јавноста гледа и не реагира кога грубо се кршат човековите права на жените, кога насилството не е санкционирано, а жртвите не се поддржани кога најмногу им треба. ЗАТОА, МОРА ДА ПРЕСТАНЕ НЕКАЗНИВОСТА ЗА ТИЕ ШТО ПО ДИРЕКТИВА СО ЛАГИ СЕ ОБИДУВААТ ДА УНИШТУВААТ ЧОВЕЧКИ ЖИВОТИ НА ЛУЃЕ И ЖЕНИ ПОЛИТИЧАРИ САМО ЗАРАДИ ТОА ШТО ЈА ЗБОРУВАЛЕ ВИСТИНАТА И НЕ УСПЕАЛЕ ДА ГИ ЗАМОЛЧАТ ИЛИ ПРЕВОСПИТАТ, А НИВНИТЕ ПОЛИТИЧКИ СТАВОВИ НЕ ИМ СЕ БЕНДИСУВАЛЕ НА НЕКОИ МОЌНИ СТРУКТУРИ ВО ВЛАСТА ИЛИ ОПОЗИЦИЈАТА. САМО ОТВОРЕНА И СПЛОТЕНА БОРБА ПРОТИВ ВЕРБАЛНОТО НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИТЕ, МОЖЕ ДА ГИ ОСЛОБОДИ ЖЕНИТЕ ОД НЕОДЛУЧНОСТА И ПЛАШЛИВОСТА ЈАВНО ДА СЕ БОРАТ ЗА СВОИТЕ СТАВОВИ И НАМЕСТО СЛЕПИ ПОСЛУШНИЧКИ ДА БИДАТ ЖЕНИ ПОЛИТИЧАРИ СО ИНТЕГРИТЕТ, НА КОИ ЌЕ СЕ ГОРДЕАТ МЛАДИТЕ И ЌЕ ГИ ИНСПИРИРААТ ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ! , заклучи Бонева