Бомбата на Милошоски ќе заврши во Обвинителство- не се знае дали ќе се поведе постапка против Заев

Јавното обвинителство се уште не знае дали ќе отвори постапка против поранешниот премиер Зоран Заев, откако беше објавена аудио бомба, каде се слуша негово директно мешање во работата на судската власт. Бомбата сепак ќе заврши во Обвинителството. Од таму за Алфа велат дека ќе почекаат во текот на утрешниот ден, Антонио Милошоски да го достави аудио материјалот.

-Во текот на утрешниот ден пратеникот Антонио Милошоски ќе го достави снимениот материјал во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. По преслушување и анализа на истиот ќе биде донесена јавнообвинителска одлука дали материјалот ќе се користи во понатамошна постапка, велат од ОЈО за Алфа.

Во аудио бомбата која вчера ја објави Милошоски, се слуша како Заев вели дека договарал судски одлуки со Јово Вангеловски, поранешниот претседател на Врховниот суд.

-З.З; Што е важно? Катица тоа го знае, знае од целиот почеток,.., значи ја со Јово Вангеловски, беше еден од трите судии во врховен суд, имаше и други тројца од Апелационен суд, што требаше да паднат заради бегството на Сеат Кочан и заради бегството на овој (Груевски); и Јово беше вратен, сум се смирил и сум се договорил со Јово. Точно е ние бевме блиски, тераме блиски, јас сум таков човек, прво не верувам секојпат дека не треба, секојпат сум верувал.

З.З.; Со Јово и сум бранел во јавност и сум јадел …. Цела јавност знаеше дека власта стои зад Врховен суд; Врховен суд тоа сам не може да брка, вели Заев во дел од бомбата.

Во аудио материјалот може и да се слушне, како Заев вели дека бил во комуникација со поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева, околу предметите на Обвинителството кое го водеше сега обвинетата во „Рекет“.

-Ова е политичка битка помеѓу ВМРО и СДС и тука треба да застане, заради тоа се разговорите, они поминаа границите. Знаејќи го Катица целото тоа што се случува, она и така се однесува, знае дека ќе паднат предметите. Знае, дека и да не сака, она помага, значи готово, нема, влезена е во тој процес сега, вели Заев во дел од бомбата.

Откако беше објавена бомбата, реагираше Јово Вангеловски, отиде контра кажаното од Заев во бомбата. Тој вели дека поранешниот премиер преку него сакал да покаже дека е голем моќник и негов голем пријател. Вангеловски потенцира дека разговорот е воден во мај 2019 година, кога во Врховниот суд немало предмет во кој тогашното СЈО се појавува како странка. Заев пак вели дека аудио материјалот каде се слуша негово мешање во работата на судската власт, бил доказ дека морало да се донесе нов закон за јавно обвинителство.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста