Болниците од истокот се подготвуваат за најавените рестрикции на струја со агрегати стари и по 20 години

Со агрегати стари речиси две децении  болниците во Истокот  го премостуваат периодот  од исклучување до повторно вклучување на електричната енергија. Најавата за евентуални рестрикции на струја, во погон ги стави директорите  кои деновиве брзат да ги сервисират . Кочанската болница ќе плати околу 120.000денари за агрегатот  стар шеснаесетина години кој ги напојува сите операциони сали, интензивните одели, лифтовите и  депото за лекови  да не се вклучува мануелно, туку при самото исклучување од струја, да се вклучува автоматски . Состојбата не е посјајно ниту во штипската блница, каде што еден од агрегатите е постар и од кочанскиот..

  „Тој агрегат Клиничка болница го има подолго време, но се до пред известно време не беше сервисиран. За да не се доведеме во ситуација да имаме проблеми со него пред недела дема беше потпишан договорот со фирмата којашто на тендер ја доби работата со сервисирањето. Очекуваме за ден-два да заврши перипдт за жалби и доколку нема фирмата ќе дојде да го сервисира агрегатот, што со години не е сервисиран„-изјави Ален Ѓеорѓијев,дир.на КБ-Штип

Штипската болница има два агрегати. Поновиот е набавен во 2016 година и чини околу 1.800.000денари.

И болницата во Струмица се напојува со агрегат со речиси ист работен век како во Штип и КОчани. Од таму велат дека иако е стар,редовно се сервисира. Во брзо време во функција ќе биде ставен и нов агрегат што со струја ќе го снабдува новоизградениот дел.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста