Болната директорка разрешена, може да се соочи и со кривична одговорност

Разрешена болната директорка на Клиниката за дерматологија, која стави во опасност  околу 200 лица. На нејзино место ќе биде назначен друг. Филипче донел ваква одлука откако се консултирал со антикорупциска. И клиниката е затворена во наредните две недели.

Денеска во целосна  изолација е ставена зградата во која живее докторката, а сите кои имале контакт со неа се во 14-дневна изолација. Вакво соопштение стои и на зградата.  Се уште е дискутабилно дали Биљановска ќе остане без лиценцата за работа. Од Лекарската комора велат тие не можат да и ја одземат.

  • „Во Законот за здравствена заштита не е предвидено дека некој доктор свесно ќе го загрози здравјето на другите, затоа постои Кривичен законик, затоа постојат институции кои ќе се погрижат за тоа. Наше е пред сè апелираме до колегите да се придружуваат до препораките на Светската здравствена организација“ –изјави Калина Гривчева-Старделова.

Јавното  Обвинителството се правда, нема да поведат  постапка против докторката бидејќи сеуште нема никој заразен кој бил со неа.

  • Од друга страна, и самата докторка е во карантин и во овој момент не може да се утврди дали во конкретниот случај постапувала умислено или од небрежност.- стои во соопштението од Јавното обвинителство.

Според членот 205 став 1,сторителот со  кршење на прописи или наредби да предизвика пренесување на заразна болест треба да се казни со парична или затвор до три години.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста