Болеста Африканска чума која ги зафати свињите во делчевско се држи под контрола

Се уште се вршат клинички прегледи и попис на свињите во фармите кои се во радиус од 10километри на потврдените жаришта со африканска чума во Делчевско. Над 740 свињи се испитуваат, а потоа ќе бидат однесени во кланица. Во првата фаза од акцијата уништени се околу 200. Појавата на болеста ќе предизвика сериозен удар на гранката. Се очекува директна штета од 50-60милиони евра. Од Групацијата на производители на свинско месо при Стопанската комора на последната прес конференција прстот го вперија во институциите. Велат доколку надлежните  не ги игнорираа мерките донесени пред две години, состојбата немаше да ескалира и да се загрози егзистенцијата на околу 11.000семејства.

  „Со жалење може да констатираме дека поголем дел од предвидените мерки се уште не се реализирани. И тогаш се предвиде итна депопулација на свињи во одгледуалишта кои не осигоруваат био-сигурносен минимум , како и отсрел на дивите свињи„-изјави Тоде Атанасов, од Групацијата на производители на свинско месо при СК.

Засега нови жаришта на африканска чума во Делчевско не се регистрирани. Агенцијата за храна и ветеринарство се уште се ги чека и резултатите од референтна лабараторија за утврдување на потеклото на вирусот. За да се стабилизира ситуацијата здруженија на фармери побараа  побараа зголемување на биосигурноста на фармите и континуирани инспекции на терен. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста