Боки и Катица се изјаснија дека се невини, за Зоки пресуда утре

Организаторот и посредниците ќе ги гонам кривично, а кој ја извади торбата и каде ја однесе ќе покажат безбедносните камери од куќата на моите родители – Бојан Јовановски, алијас Боки 13 на првото рочиште најави дека ќе докаже нова вистина за милионското рекетирање. Кревката здравствена состојба не го одложи првото рочиште, претседателката на судечкиот совет,побара лекар да го прегледа, па покачениот притисок и стресот не беа причина тој да не може да седи на судењето.

Боки се изјасни за невин, на иста линија и екс специјалната обвинителка Катица Јанева, на судот му порача дека оди со крената глава и може секого да погледне во очи.

Јанева ја предаде довербата на народот, не се посрамоти себе туку ги посрамоти сите обвинители.  Обвинителката Вилма Рускоска, кажа дека има несоборливи докази,  во воведниот говор рече дека Катица Јанева влегла во филм, на Чарлевите ангели.

Само што почна судењето за Зоран Милески кичеец заврши, тој призна вина пред судот. одлуката за висината на казната ќе ја дознае утре.

За рекет се закажани над 30 судски рочишта, Боки 13 е обвинет за две дела, награда за противправно влијание и перење пари, на Јанева и се суди дека ја злоупотренбила службената положба кога била шефица на СЈО.

 

Катерина Гетева

 

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста