Боки 13 се „отвори“ пред судот, изнесе докази дека Рускоска „приватно“ му раскажувала кого ќе апси

Рускоска барала Боки 13 да пушти ТВ екипа за да го снима апсењето на екс-градоначалникот Стевче Јакимовски, го информирала што работи обвинителството и кого истражува во случајот „27 април“, а во пораките ја навредувала и екс-шефицата на СЈО Катица Јанева – Бојан Јовановски се овтори пред судот. Тој денеска достави 100 илјади обработени докази од 1 милион 240 фотографии, фајлови и приватни пораки од телефонот кој што му бил одземен при неговото апсење, а сега му бил даден на увид.

Вилма Рускоска ме информира за апсење на Стевчо Јакимовски и ми вели прати ТВ екипа. Вилма зборува за настаните од 27-ми април, зборува за други обвинители, зборува за Катица Јанева, ја нарекува свиња, зборува со мене за се.

Но веднаш после оваа реченица судијата му влезе во збор и не му дозволи да ги чита експлицитните пораки кои може да внесат ново светло во овој случај, но и во случајот „рекет„, каде Боки 13 е веќе осуден на 7 години затвор. Пораките за Јовановски, покјажуваат дека Рускоска е пристасна во слујаов и се доволен доказ таа да биде иземена.

Адвокатот на Јовановски, Сашо Дуковски, рече дека го шокирале информациите што биле анализирани од телефонот на Јовановски, па по тој основ бараат изземање на Рускоска.

„Барањето се содржи за експлицитна пристрасност на штета на обвинетиот Бојан Јовановски, како во предметот „Рекет” така и во овој предмет“, истакна Дукоски.

Кон барањето за изземање на Рускоска се приклучи и Фросина Ременски, која е исто така обвинета во овој случај. Таа се пожали дека минатата година поднела барање за изземање на Рускоска по пет основи, но било одбиено

Судењето за невладината на Јованоски е во доказна постапка. Барањето за изземање на Русковска, допрва треба да биде разгледано од државниот јавен обвинител. Со слично барање Јовановски настапи и во случајот „Рекет“, но беше одбиен.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста