Боки 13 сака да зборува за Алфа ТВ

Бојан Јовановски познат како Боки 13 сака да зборува за Алфа телевизија за обинувањата кој преку отворено писмо ги изнесе во врска со случајот „Рекет“.

Редакцијата доби дозвола преку адвокатскиот тим на Јовановски, а побаравме одобрение  и од Управата за извршување сакции и затворот Идризово преку официјалните е-маил адреси, од каде се уште нема одговор.

Јовановски преку медиумите испрати писмо до шефицата за оганизирање криминал и корупција Вилма Рускоска, која и го водеше случајот „Рекет“ со неколку прашања кои ги поставува јавно, а во нив се споменуваат премиерот во оставка, Зоран Заев, неговиот брат, Вице Заев, Сашо Мијалков, Јордан Камчев, Зоран Милевски Кичец, како и Драги Рашковски.   Јовановски во писмото најпрво, ја обвини Рускоска дека со нестручно и тенденциозно работење ги оставила неразјаснети дилеми поврзани со случајот “Рекет”.  Тој тврди дека Заев вршел лично влијание и уцена врз поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева за да бидат пуштени од притвор, осомничениот во „Империја“ и обвинет во „Плацевите на Водно“, Јордан Камчев и Мијалков. Јовановски во отвореното писмо ги наведе дури датумите од пораките на апликацијата „Whats app“ со Заев.

Управата за извршување санкции досега нема дадено дозвола да биде извршено интервју со Боки 13, нивно обрзложение на слично барање од порталот „А1 он“ е дека тоа не се дозволува од безбедносни причини.

Законот за извршување санкции дозволува осудено лице да дава изјави за медиуми и да биде снимено во казенено поправните установи, како што било пракса во повеќе случаи досега.

Останува отворено прашањето зошто институциите досега не дозволија Бојан Јовановски јавно да ја каже и својата верзија на настаните поврзани со случајот „Рекет“.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста