Боки 13 објави дел од пораките со Зоран Заев и Љупчо Николовски – ги обвинува за криминал

Бојан Јовановски ги објави преписките преку пораки на сега покојниот директор во Телеком Жарко Луковски и екс-премиерот Зоран Заев во отворено писмо. Иако вели притисоците по претходните писма врз него се силни, нема намера да престане со борбата на како што ја нарекува „правосудната багра, кланот Заеви на чело со браќата Зоран и Вице, како и обвинителите Јовески и Русковска“.

Господине Заев, гледам дека сте на некое зимување во некој скап европски ски-центар…. и јас бев друже Зоки на скапо летување пред да ме уапсите, па во таа смисла сакам да ви кажам дека во случајности не верувам, а во карма да!!! Вие Зоране Заев, позади себе оставивте општествена, социјална и правна ерозија и катастрофа, оставивте целосно девастиран систем во кој сеуште вашите послушници владеат и пустошат, а вие како демек сте се повлекле, ма немојте ве молам – пишува Бојан Јовановски.

Јовановски ја покажа преписката со Заев во која се гледа дека тој ги поврзал со Луковски.

Во писмото кое ви го упатив наведов дека јас лично сум ве споил со сега покојниот Жарко Луковски и наведов дека изработивте милионски проекти и дека наплативте милионски провизии во име на коруптивни награди за вас и вашиот Рашковски кои вие лично му го делегиравте на Луковски!!! Ќе се види дека и други ваши соработници го барале Луковски, но вие му велите најдобро со Рашковски!!! Меѓудругото денеска ќе се види кој тргувал со СЈО и на кого му се жалел Луковски за истрага во СЈО, на мене или на тебе Зоране Заев?!?!? прашува Јовановски.

Во пораките со сега министерот за земјоделие, според Боки 13 се гледа како Николовски незаконски трансформирал државно во градежно земјиште, па прашува:

Љупчо, колку во вашиот прв министерски мандат законски процедури имате прекршено кои морале да бидат спроведени, за чии потреби и интереси и за колкави пари ја имате разработено оваа криминална шема заедно со Заев, брат му Вице и уште неколку пајташи на кланот Заеви и на крајот колку пари искеширавте сите заедно од погореопишаното??? прашува тој.

Кон крајот од писмото Јовановски поставува и неколку прашања обвинителката Русковска барајќи итни одговори: „зошто не отворила истражна постапка за Зоран и Вице Заеви, но и Николовски, зошто дала налог да бидат избришани сите податоци од неговиот телефон, но и кого се уценувала со тие пораки соработувајќи со Заеви“. Боки 13 ја прашува Русковска зошто во врска со случајот на бизнисменот Камчев за „Рекет“ не го побарала за вештачење телефонот на Заев, што тој го промени после апсењето на Јовановски.

Срам ве било, вие сте најдевијантата појава која е синоним за брука и професионален одрон во историјата на јавно обвинителскиот систем во Република Македонија !!!! – заклучува Боки 13.

На крајот Јовановски и најави на Русковска дека „наскоро ќе излезе и доказ какви верзии пишувала за обвинението за предметот 27ми април и какви корекции  правела за време на истрагата“. 

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста