Боки 13 ја обвини Рускоска за криминал од 4 милиони евра, обвинителката порача доказите да ги однесе во МВР

Јас, сум заложник на мрачни политички сили, Боки 13 на крајот од денешното рочиште во негов стил и на висок тон одржа говор во судницата што беше причина за кавга меѓу него, обвинителството и судот. Од Шутка му пишал на државниот обвинител Љубомир Јовески, каде ја образложил неговата здравствена состојба, но барал и изземање на обвинителката Вилма Рускоска.

„Дали за лицето Вилма Рускоска, треба да поднесам кривична пријава до обвинителката Вилма Рускоска? Каде да ја пријавам Вилма Рускоска за корупција од 4 милиони евра, за што имам несоборливи докази?“ – на висок тон говореше Јовановски во Судот.

Јовановски цитираше членови во Уставот, рече дека е дискриминиран, се жалеше на неговата здравствена состојба. најави дека ќе поднесе 19 кривични пријави.

Судијката Весна Николовска –Масевска на неколку пати го предупреди дека ќе го отстрани од судницата и му посочи дека треба да зборува конкретно за случајот. По што се вмеша неговиот адвокат Сашо Дуковски.

„Не сум  идиот знам каде се поднесуваат кривични пријави. Каде да пријавиме кога Јовески не враќа назад во судот.“ – посочи Дуковски.

Алфа за обвинувањата од Јовановски побара одговор од државниот јавен обвинител, дали Јовановски му пишал писмо и дали барал изземање на обвинителката Рускоска.

„Државниот јавен обвинител преку Основниот суд Скопје 1 суд доби писмо од обвинетото лице. Во писмото освен за здравствената состојба на Јовановски, за што досега во повеќе наврати зборувал и во судница, нема никакво барање за изземање за обвинителката Вилма Рускоска“ – ни одговорија од Кабинетот на Јовески.

За обвинувањето на Јовановски дека Рускоска е вмешана во криминал тежок 4 милиони евра, побаравме став и од обвинителката.

„Ги охрабрувам сите кои имаат какви било докази за кого било да ја информираат полицијата и да ги достават доказите до МВР“  – рече Рускоска за  Алфа.

Во сенка на рочиштата за милионскиот Рекет за што обвинети се Бојан Јовановски и екс специјалната обвинителка Катица Јанева неколку дена, на ФБ страницата на веќе згаснатата 1ТВ се појави преудпредување дека со име и презиме ќе биле објавени имињата за како што се наведува „тивката ликвидација на Бојан Јовановски“.

Катерина Гетева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста