Боки 13: Извадете ги доказите од мојот телефон, донесете ги Заев, Царовска и Богоев пред суд!

Извадете ги доказите од мојот телефон и донесете ги пред суд Заев, Царовска, Богоев, во спротивно очигледен е тенденциозниот чин со кој судот сака да ги амнестира од одговорност Зоран Заев и нему блиските, ова е клучната порака во последното отворено писмо на Бојан Јовановски испратено денеска до судијката Софче Гаврилова Ефремова, првиот човек на кривичен Џолев и претседателката на Судскиот совет Црвенкова. Според него, се што до сега се прави е однапред договорена агенда заради која се случува како што вели „правната рашомонијада, судски театар и незаконито постапување и прерипување на фази во постапката на штета на обвинетите“.

Апелирааам и ви велам чесен суде,  амммаааан вратете ми го телефонот и дозволете ми да ги изведам доказите!!! Аммааан, зарем не ви се смачи да им служите на политичките ништожници и толку да се бламирате и да ја валкате судиската функција?!?! Па барем малку покажете личен и професионален интегритет. Покрај тоа што сум згрозен јас сум и фрапиран од вашата сервилност, токму како и онаа на второстепениот апелационен суд кој експресно ја потврди безсмислената пресуда за „Рекет“ со милион суштествени повреди на постапката и без точно утврдена фактичка состојба, токму онака како што би рекол Заев „трас трас“ одлука на Апелација со негово знаење и негов “амин” !!!– пишува Бојан Јовановски.

Јовановски апелира до Судскиот совет со внимание и активно да ја следат, како што вели оваа „судска катастрофа и да ги превземат сите расположливи законски средства за спречување на судското насилие“.

Апелирам до Иван Џолев ВД претседател на судот да престане со влијание и притисоци кои доаѓаат од неговиот властодавател Зоран Заев и да престане да испорачува постапки и пресуди по заевистички модел и желба. Да го потсетам претседателот Џолев дека ниедна функција не е вечна – пишува Јовановски.

Боки 13 ја повика целата македонска јавност да дојде во петок во 10 часот на закажаното рочиште за „Меѓународен сојуз“ за како што вели да се стави крај на наместените пресуди, неправдата и за вистинита да излезе на виделина. Ова е четвртто во низата писма на Јовановски. Во претходните објавуваше за спрегата меѓу Заев, Рашковски, Русковска и други високи функционери не само во актуелниот случај што се води против него, ами и за „Рекет“.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста