Бојкот во првиот, најава и за вториот круг на изборите: Жителите од две долненски оставении без пат

  • Со дупки како кратери и исполнети со дождовница која се задржува со недели, целосно оневозможено движење, како и комлетна отсеченост од светот. Тоа е патната инфраструктура во овој 21 век во долненските села Долгаец и Маргари. Осумдесетината жители, кои со овој проблем, велат се соочувале со години, крајно разочарани и изреволтирани од досегашните многубројни неисполнети предизборни ветувања, овојпат решиле локалните власти да ги казнат со бојкотирање на изборите. Тие, при првиот круг од гласањето, не отидоа на гласање, но симболично, ливчиња фрлаа во вировите од патот, кој е долг 5,8 километри.

„Проблемот во селата Долгаец и Маргари во моментот, не само во моментот, ами и во години наназад е патот. Патот кој што е непрооден, патот кој што целиот е со дупки, патот кој што во врнежливо време е полн со вода, па не може да се оди пешки од Долгаец до Костинци…Последниот градоначалник, кој е се уште, дојде само кога беа изборите за негов избор, даде ветувања тогаш дека се ќе направи за патот да се направи….Меѓутоа, за овие четири години тој, воопшто не најде за згодно да го посети селото и да се интересира за сите овие проблеми што ги кажувам….“ – вели претседателот на МЗ од с. Долгаец, Душан Стојчески.

Во овие села, главно живеат повозрасни жители, кои честопати имаат и здравствени проблеми. Велат, заради катастрофалниот пат, не доаѓала ниту Итната помош, а ретките таксисти кои се нафаќале да дојдат, им наплаќале баснословни суми. 

Во повеќе случаеви Брзата помош одбива да дојди во селава затоа што патот е неупотреблив. Соселаните, жителите на двете села, мака мачат како да стигнат до Прилеп, затоа што такси-службата чини и до 1.500 за да се појде в град за да се обезбедат основни намирници оти заради состојбата со патот во двете села нема ни продавница, ни ништо….“ – обајснува Стојчески.

    Стравувајќи дека пак ќе бидат изиграни, триесетината жители со право на глас, во неделата не излегоа да гласаат, а велат дека истата намера ја имаат и за следниот втор круг, кога во оваа мешовита рурална општина изборната битка треба да ја бијаат кандидатите на ДУИ и на СДСМ.

   Инаку, во изборната трка за градоначалничкото место во општина Долнени се тркаа дури осум кандидати. Се уште актуелниот градоначалник е од редовите на ДУИ.

Каролина Дурло