Бојаџи: Власта се пресметува со „ТВ Алфа“, а не може да најде ништо незаконско

Испратете Финансиска полиција, испратете Јавно обвинителство, испратете Трудова инспекција, испратете Управа за јавни приходи. Мора да најдете нешто. Ова се насоките кои ги добиваат институциите директно од Владата и од партиите на власт со цел да се пресметаат со „Алфа“, смета првиот човек на Телевизијата, Јани Бојаџи.

  • Овие притисоци кои ние ги имаме од државата, поточно од Владата, за мене не се ништо ново. Од првиот ден кога дојдов тука пред две и пол години се соочуваме со пријави од Јавни од обвинителства, пријави од Министерство за внатрешни работи, од УЈП, од Државна безбедност. Јас практично во овие две години се соочив со институции за кои немав поим дека постојат, вели директорот на „ТВ Алфа“, Јани Бојаџи.

Последен во низата притисоци е оној од Управата за јaвни приходи која изготвила решение за наплата на наводен долг од околу 200 илјади евра, во кои се пресметани и огромни камати а за кој се уште се води судски спор кој нема разрешница.

Директорот на „Алфа“ вели дека институциите ги користат сите механизми кои им стојат на располагање, па дури и дека излегуваат надвор од нивните надлежности и законски овластувања. Небулозите и недоследностите одат дотаму што постојат обиди дури и за мешање во внатрешната организација на самата компанија.

  • Замислете, Трудовата инспекција во една држава и Управниот суд сакаат да определуваат кој ќе биде продуцент во оваа телевизија и кој ќе биде програмски директор. Значи, кој ќе ја програмира телевизијата „Алфа“, која е приватна компанија. За тоа сака да одлучува Владата на проанешниот премиер Зоран Заев, на сегашниот премиер Димитар Ковачевски преку институциите на државата, додава директорот Бојаџи.

Телевизијата речиси секој ден е домаќин на различни инспектори, истражители, обвинители. И покрај сите проверки и чешлања на документацијата со години, досега не успеаа да најдат ништо неправилно и незаконско.

  • Она што е најлошо од сето тоа е дека нема никаква разрешница. Тие испраќаат некакви агенти, истражители. Тие доаѓаат, прават притисоци, земаат изјави и исчезнуваат, вели Бојаџи.

Директорот на „Алфа ТВ“ смета дека спрегата на сите институции има јасна цел – обид да се замолчи единствениот критички медиум во Македонија.

  • Сите разбираме што се случува во оваа држава од причина што поранешниот премиер и портпаролот на неговата партија јаавно излегуваа и ја прогласуваа „Алфа ТВ“ за нивен најголем непријател, вели Бојаџи.

Притисоците врз „Алфа ТВ“ траат со години и постојано се зголемуваат – како што власта го губи рејтингот и се соочува со незадоволството од народот, така се посилно се обидува да се пресмета со единствената телевизија што не успеа да ја скрши.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста