Богојески: ДУИ нека не се секираат, ќе добијат правда и правичен ветинг

Богојески: ДУИ нека не се секираат, ќе добијат правда и правичен ветинг

Што се крие зад најновите пораки на ДУИ, кои сега бараат меѓународен ветинг на сите македонски политичари. Дали се обидуваат да се амнестираат од сомнежите за сериозен криминал сторен во текот на нивното владеење. Дали во парламентарна демократија е нормално да се најавуваат протести од единствена причина што една партија станала опозиција. Одговори на овие прашања колегата Матеја Петровски бара од претседателотна Македонски концепт Петар Богојески.

-Провокациите на ДУИ и нивните измеќари ќе продолжат, последната беше случајот со Косоварката Вјоса, сега е со ветингот и ќе продолжат уште низа такви, ние не треба да паѓаме на тие провокации и би апелирал и до приајтелите од „Вреди“, да намалат со паѓање на провокациите на ДУИ. И апелирам и до медиумите да се стави на игнор комплетно ДУИ. Сите нивни обиди се насока само да се спасат од кривичен прогон. Околу ветингот нека не се секираат ДУИ, ќе добијат правда и правичен ветинг, но од македонските институции, да не се кријат зад некакви си меѓународни партнери и приказни за меѓународен ветинг, такво нешто на планетава земја не постои, изјави Богојески.

Со првиот човек на Македонски концепт разговараше Матеја Петровски

Целиот разговор со Богојески погледнете го во видеото:

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста