Богојески: ДУИ ја загуби меѓународната поддршката, партнери им се само некои ојлевци дојлевци
Што се крие зад најновите пораки на ДУИ, кои сега бараат меѓународен ветинг на сите македонски политичари. Дали се обидуваат да се амнестираат од сомнежите за сериозен криминал сторен во текот на нивното владеење. Дали во парламентарна демократија е нормално да се најавуваат протести од единствена причина што една партија станала опозиција. Одговори на овие прашања колегата Матеја Петровски бара од претседателотна Македонски концепт Петар Богојески.
-Таа меѓународна поддршка е повеќе на ниво на мит во Македонија, суштинска е народната поддршка. Во овој момент ДУИ ги изгуби меѓународните партнери и соработници и сега наоѓаат некои ојлевци дојлевци, како тој советникот самонаречен професот од Америка, кој се обидува дополнително да го влоши имиџот на САД и на ЕУ во земјава. Јас мислам дека ДУИ не треба да се перцепира како ништо друго, освен како една мафија формирана после војната во 2001-ва година и злоупотреба на албанската етничка емоција, за доаѓање на власт во земјава и за лично богатење на тие функционери од таа партија.
Со првиот човек на Македонски концепт разговараше Матеја Петровски
Целиот разговор со Богојески погледнете го во видеото: