Богојески: Ахмети паничи бидејќи треба да биде спроведен во Кривичниот суд во Хаг
Што се крие зад најновите пораки на ДУИ, кои сега бараат меѓународен ветинг на сите македонски политичари. Дали се обидуваат да се амнестираат од сомнежите за сериозен криминал сторен во текот на нивното владеење. Дали во парламентарна демократија е нормално да се најавуваат протести од единствена причина што една партија станала опозиција. Одговори на овие прашања колегата Матеја Петровски бара од претседателотна Македонски концепт Петар Богојески.
-Протестите се демократско средство и малку важно е дали ДУИ ќе протестира, многу поважно е ние да сконцентрираме на нашите приоритети и да ги исполниме оние ветувања со кои излеговме пред граѓаните и добивме на изборите. Едно од тие ветувања беше секако да се спроведе брањето на еврокомесарката за човекови права на Советот на Европа, а тоа е поништување на амнестијата во Македонија и повторно отворање на хашките случаи. Али Ахмети паничи, бидејќи Европската Унија бара да биде спроведен во меѓународниот Кривичен суд во Хаг. Ние мораме поради европската интеграција, ако ние ја почитувме Европската Унија, ако ние сакаме вистински да се итегрираме во ЕУ, мораме Али Ахмети да го испорачаме во меѓународниот Кривичен суд во Хаг и мораме правно да ја затвориме 2001-та година. Тоа е паниката на ДУИ, меѓудрогото и криминалот, епскиот криминал во кој се пропаднати сите функционери на таа партија и амнестија за тоа нема да има, изјави Богојески.
Со првиот човек на Македонски концепт разговараше Матеја Петровски
Целиот разговор со Богојески погледнете го во видеото: