Богојавленските празници годинава без масовни прослави и скокање по крстот-верниците сметаат дека традицијата требаше да продолжи

Базенот и дворот на црквата Св.Богородица во Тетово годинава за Водокрст останаа празни. А, овој ден било преполно со верници,оти само тука опстојува повеќедецениска традиција, по светиот крст да се скока денеска.Поради владините мерки и забрани за масовни прослави на празниците, годинава традицијата за прв пат е прекината.Повеќето верници сметаат дека ова е погрешно-со посебни мерки велат,чинот на спуштање на светиот крст сепак, можеше да се одржи,а и самата прослава секогаш е на отворено.

-Ние дојдовме еве, мислевме дека ќе има нешто помасовна прослава,но ете  ќе запалиме свеќа и тоа е..

Да водиме грижа за растојание, со маски, може би можело, ама тоа е..

Не гледам една причина, зошто да не се одржи, сите се со маски и на отворено,нема услови за зараза.Ова на некој начин овие што се на власт прават антимакедонско ништење, недоверба, уништување,понижување, јас сум превише разочаран од се што се случува во Македонија..

Расположение и желба за продолжување на традицијата на славење на Водокрст во Тетово имало и кај свештените лица.Но, стравот да не им се случи исто како во Вевчани,ги премислил сепак, годинава да ја прекинат традицијата.

– Поучени од тоа што се случи во Вевчани,да не дојде до гужва,оти знаете некој пазат , некои не носат маски,секој различно, па ете се плашевме да не се направи голема гужва, па да ни се уништи празникот, изјави Небојша Недељковиќ од Црковен одбор

Богојавленските празници се најмасовно посетени верски манифестации, но, утре за Водици,низ државава, нема да има прослави и нема да се скока по светиот крст.Празникот ќе се одбележи само во храмовите.   За разлика од кај нас,пак, во соседна Србија,Водици сепак ќе се слави како и досега,со спуштање на светиот крст, но, со препораки да нема публика.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста