Богојавление во Охрид – Светиот крст повторно кај варошанец

Древниот тропар ,,Во Јордание” одекнуваше низ калдрмисаните улички во стариод дел на Охрид, наговестувајќи дека чесниот крст повторно е во рацете на варошани.Прв пат од осветените езерски води крстот го извлече 25 годишниот Мартин Гоџокој за големиот христијански празник Богојавление се капи од своја 7 годишна возраст ,а 10 години се обидувал да доплива до чесниот крст.

Голема желба ми беше  да го фатам барем еднаш во мојот живот и тоа се случи.Се осеќам прекрасно, мислам дека ќе ми донесе многу голема среќа, благосостојба во фамилијата. За да стигнеш до чесниот крст мора да постиш, да си внесен во верата и да ги почитуваш правилата на црквата-рече Мартин Гоџо.

Тајфата на Гоџо ќе се обиде да тропне на сечија врата -за како што вели, чесниот крст да влезе во сечиј дом и да го освети. Тој ги претекна стотиците капачи кои дојдоа од сите градови на земјава и на кои нити исклучително ниската температура на водата од само 7 степени не ги поколеба да си ја пробаат среќата.

Ова е возвишено чувство за еден православен христијанин кој прави храбар подвиг на ова студено време да влезе во водите на Охридското езеро и да си го прими Бога во себе-изјави Илија Симјаноски-капач од Тетово.

По симболичното капење во водите кое значи духовно раѓање, верниците се покрстуваа миејќи се и налевајќи од езерската вода која ќе ја понесат дома.

1. За многу години да е и се најубаво ; 2.Многу убаво, преубаво, ќешќе само  вака сите години да е и да си го славиме Свети Јон и сите празници,да помине пандемијата, да имаме поубав живот напред велат граѓаните.

И таткото на градот упати празнична порака и до своите сограѓани.

За мене ова е најголемиот ден кој се случува во Охрид и мислам дека она кое што нас како народ не држи помеѓу другото е традицијата,треба да ја одржуваме и да се гордееме со неа-рече Кирил Пецаков-градоначалник на Охрид.

И годинава празнично се одржи групно крштевање во водите на Охридското Езеро,убава традиција која започна пред 12 години.

Центарот на православието, денеска блесна со исконска убавина,а градот е полн со гости,но она што можеше да се забележи дека безмалку никој не носеше маска, нити одржуваше дистанца,а во угостителските објекти тешко можеше да се најде слободно место.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста