Бочваски со поинаков план за охридското крајбрежје од неговиот претходник

Државата нема да ги превзема ингеренциите за плажите на Охридското езеро,обзнани министерот за транспорт и врски Бочварски иако неговиот претходник Сугарески, уште лани најави дека стопанисувањето со крајбрежјето ќе биде под капа на државата.

Општина Охрид доби на располагање 6 милиони денари за имплементација на препораките на Унеско и сега сама нека решава како да ги реализира овие пари и сите нелегални објекти кои нема урбанистички да се вкопат, општината сама да ги отстрани -порача Бочварски. За тоа време,во ресорното министерство ќе се изработувал генерален урбанистички план за крајбрежјето,ама не веднаш туку во етапи.

Етапното решавање на овој проблем значи дека ние не можеме во една година како агенција за планирање на простор или како министерство да направиме решеавање на целото крајбрежје-рече Благоја Бочварски-мин за транспорт и врски.

Владата долго тактизираше со одземањето на ингеренциите врз плажите под изговор дека најпрвин требало да се донесат законските измени кои долго беа во собраниска процедура,а всушност се чекало да завршат изборите во 2019-та за потоа прашањето со плажите да се стави во втор план.

 Најкритично е на струшкото крајбрежје каде во заштитена зона на природна реткост се тампонира езерскиот појас, за потоа да никнат дивоградби. Бочварски не размислува за одземање на ингеренциите на струшкиот градочалник Мерко,оти не сакал повторно да се врши централизација на државата.Го прашавме, дали воопшто бил во Струга, дали знае што се случува вдолж струшкото крајбрежје и дали знае колку на број има дивоградби во Струга?

Тоа е работа на општината заради тоа што сите објекти кои што се во втора категорија се во ингеренции на општината и легалните и дивите, секако имаат свои градежни инспектори кои што треба да работат на решавање на овие прашања и проблеми– рече Благоја Бочварски-мин за транспорт и врски.

И додека во Струга не е срушена ниту една дивоградба, во Охридпо неуспешните обиди за рушење на дибоградите кога помпезно најавените акции во два наврати се сведуваа само на неколку до пола отстранети платформи во езерото и бесправно изградени објекти на неколку плажи-општината најавува нова акција.Се чекало само да се рапише тендер за избор на фирма која ќе ги руши дивоградбите на плажите, па потоа најдоцна во месец март идната година да се распишел нов повик за изадавање на палжите под концесија.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста