Бочварски очекува на почетокот од 2022 да продолжи изградбата на долгонајавуваната пруга кон Бугарија

Со години најавувавната пруга кон кон Бугарија, министерот за транспорт, Благој Бочварски, очеува да продолжи во првиот квартал на 2022. Ова е еден од капиталните проекти, освен изградбата на автопатските делници. За железницата кон Бугарија, од транспорт за следната година се предвидени 2,5 милијарди денари и се очекува во првиот квартал од следната година да се избере изведувач и да се продолжи со изградба.

  • „Согласно процедурите кои се во завршна фаза остануваат уште последните чекори во кои очекуваме да се изберат компании кои ќе работат на првата и втората делница на Коридорот 8 и реконструкција на една делница од Коридорот 10“, изјави Бочварски.

Тој очекува, до година, да се објави и повик за изградба на интерконекторот со Грција, но и да се раздвижи авиосообраќајот и да се вратат редуцираните линии.

Со пари од Европската инвестициска банка следната година, како што презентираше, ќе се инвестираат 428 милиони денари за изградба на водоводни и канализациски линии, а преку КФВ банката дополнително ќе се инвестираат 226 милиони денари за водоводни системи во Гевгелија, Кавадарци, Радовиш и Гостивар. За општините кои немаат доволно пари, посочи министерот, проектирани се, и 18 милиони денари за изработка на урбанистички планови.

Раздвижување на авиосообраќајот

Во презентацијата тој ги наведе и предвидените пари за раздвижување на авиосообраќајот кој беше редуциран поради ковид-пандемијата.„Очекуваме следната година да се раздвижи авиосообраќајот и повторно да се воспостават редуцираните линии. Предвидени се 70 милиони денари за финансиска поддршка за воспоставување на нови авиолинии.Планираме да распишеме нов јавен повик со оглед дека договорот со авиокомпанијата Визер истекува на 1 март 2022 година“,

  • „Очекуваме следната година да се раздвижи авиосообраќајот и повторно да се воспостават редуцираните линии. Предвидени се 70 милиони денари за финансиска поддршка за воспоставување на нови авиолинии.Планираме да распишеме нов јавен повик со оглед дека договорот со авиокомпанијата Визер истекува на 1 март 2022 година“, истакна Бочварски.
КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста