Блокада наместо поддршка: СДСМ става рампа за унгарскиот кредит во Собранието
Наместо поддршка, блокада. СДСМ се обидува да го блокира заемот на Македонија од Унгарија кој на име трошоци чини 12 до 20 пати помалку од она што претходната власт предводена од СДСМ и ДУИ, го плаќала на сметка за исти трошоци, потенцира премиерот Христијан Мицкоски. Тој вели дека обвинувањата за некакви високи провизии се неоправдани, бидејќи станувало збор за адвокатски трошоци, кои се нормални за секој ваков договор, но биле многу поевтини од она што претходно било плаќано. Според него од опозицијата тоа било и очекувано бидејќи кај нив постоел страв дека со директна помош кон граѓаните, власта ќе добила политички бенефит.
-Трошоците за овој заем се од 12 до 20 пати помали од заемите кои што ги земала претходната Влада на СДСМ и ДУИ, вели Мицкоски.
Од СДСМ потврдија дека ќе го кочат носењето на законот со кој власта кажа дека директно ќе се помагаат општините и компаниите во Македонија. Лидерот на социјалдемократите Венко Филипче, кажа дека нема да го стават на комисиска расправа во комисијата со која претседава Сања Лукаревска, бидејќи не им се допаѓало што треба да се изгласа по кратка постапка.
-Со носење на овој закон по скратена постапка целта на Владата е јавноста и граѓаните да бидат лишени од можноста детално да слушнат што се крие зад ова задолжување. ВМРО-ДПМНЕ го скрати правото на дебата и вклучување на експертската јавност во процесот на носење на самиот закон. Ова јасно упатува на заклучокот дека Владата има многу што да скрие во овој закон, Филипче.
Според Мицкоски ова е и очекувано, бидејќи опозициските партии сакале да ги блокираат овие финансии кои директно треба да им помогнат на граѓаните.
-Опозицијата претпоставувам Левица, ДУИ и СДСМ ќе се обидат, дури мислам дека и на недемократски начин да ја опструираат работата на комисијата. Но, нашата задача е да го зачуваме достоинството на институцијата и да обезбедиме средства за развој за компаниите и за општините, изјави Мицкоски.
Македонија со Унгарија договри кредит на 15 години со фиксна камата која изнесува 3,25 процетни. Кредиот ќе се отплаќа на 24 полугодишни рати, на 15 февруари и 15 авугст секоја година.
Матеја Петровски