Бизнисот пред колапс – стопанството бара помош од Владата

Конкретни мерки од државата – ослободување од даноци по примерот на мерките кои ги воведе Италија, бара бизнис секторот. Велат ако земјава се стреми да влезе во ЕУ, ќе треба да ги примени и европските мерки за ублажување на последиците од корона вирусот, кој силно ќе го удри стопанството.

„Како што гледаме во Италија и во другите земји оваа година нема да плаќаат данок, ќе имаат и други поволности во државата. Кредитите нема да ги плаќаат, ќе влезат тука и други обврски коишто нема да ги подмират кон дадените доверители“, вели Горан Ѓорѓиевски од Агро бизнис комората.

Компаниите во агро секторот веќе ги чувствуваат последиците од Ковид -19, но велат тие допрва ќе се зголемуваат. Недостатокот на работна сила и отсуството од работа на голем број работници што пред два дена го наложи владата веќе го успорила земјоделското производство. Нарачките опаѓаат, но велат храна би требало да има доволно.

„Веќе имаме штети кон бизнисот. Тие само се зголемуваат од ден на ден, што се изразуваат дали прелу човечките ресурси, дали преку не извршени нарачки, вели Ѓорѓиевски.

Вчера конкретни мерки од Владата побараа и од коморите за туризам. Привремено да се ослободат хотелите, агенциите и превозниците од придонеси и даноци на личен доход за вработените во период од 6 месеци, итно формирање на фонд за ублажување на штетите, пренамена на пари, помош при конфликти поради прекин на договори, се само дел од барањата. Туристичките аранжмани веќе биле откажани, а загубите за агенциите изнесувале и до 80 отсто, алармираа од туристичкиот сектор.

Претгходно за проблемот алармираа и од Стопанската комора на Македонија. Оттаму велат дека компаниите веќе трпат штети, намален бил бројот на порачки, стоките тешко стигнувале до крајните дестинации оти камионите со часови чекале на граничните премини.

Биљана Божиновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста