Бизнисот нема време да ги чека политичарите да завршат со одмори за да формираат Влада

Во реалноста не живеат бројки, туку луѓе на кои треба да им се помогне – бизнисмените се револтирани од недоволната владина поддршка. Од вкупно позајмените средства што надминуваат милијарда евра, само 70 милиони евра биле вбризгани во стопанството. Бараат да се формира Влада во најбрз можен рок која веднаш ќе му помогне на бизнисот. Според стопанските комори, најважно во моментов е да има стабилна Влада која ќе им овозможи поддршка на компаниите најмалку во наредните 6 месеци. Помошта особено ја очекуваат малите и средни претпријатија. Фирмите имаа финансиски резерви да издржат само 30 дена, а веќе 4 месеци кубурат со пари и се на работ на егзистенцијата. Новата Влада, според коморите,  треба особено да се посвети на намалување на сивата економија, за да собере повеќе од даноци и царини во државната каса.

  • Апсолутно она на кое апелиравме и ние пред овие избори, а беше насочено како еден од препиеритетите кои треба да ги има новата Влада е дека е неопходно таргетирана поддршка на претприемачите, веднаш по формирањето на владата односно на извршната власт. Тао што во моментов го гледаме е дека навистина ни е важно да имаме еден вид на поддршка на малите и средните претпријатија, во вид на финансиска помош, која би била неповратна, во вид на грантови или субвенционирање, или пак да биде системски воведена во наредните 6 месеци како би имало подолгорочни ефекти. Она што навистина е важно, треба да се посвети внимание во следната извршна власт е, да се таргетира решавањето на предизвикот коишто го имаат претприемачите и воопшто цело општество со сивата економија затоа што  во овој период се интевизираше практично електронската трговија, а за неа практично во Македонија немаме систем како истата да се следи што доведува до намалена наплата на царините и на даноците вели  Данела Арсовска .
  •  Треба да има постојана во даночното-административното работење за да можат нивните планови за инвестиции да ги реализираат на што полесен начин вели Неби Хоџа.

Голем дел од политичките партии кои се во игра да бидат во владината коалиција ги имаат барањата на бизнисот во своите програми, но искуството покажало дека често не ги исполнувале ветувањата во текот на мандатот. затоа бизнисот бара повторно да има свој човек на вицепремиерското место.

  • Како дел од нашите политички креирања ние треба да бидеме во таквите структури затоа што во минатото, сме имале искуство, ние сме биле критичари на нивните политики наместо да бидеме дел од тие политики за да движиме напред сите заедно вели Неби Хоџа.

Бизнисмените бараат да се формира кризен фонд за стопанството да добие помош и кога кризата ќе помине. Во моментов велат надлежните немаат подолгорочна стратегија како стопанството да се врати на старите патеки на раст од над 4%.

Економијата стагнираше во првиот квартал, односно забележа минимален раст од 0,2%, додека 18.500 луѓе досега останаа без работа како последица од корона кризата врз бизнисите.

Тања Попова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста