Бизнисот алармира: Ако нема системски интервенции стопанството ќе згасне

Бизнисот алармира, власта тактизира. Се бараат итни економски мерки за спас на стопанството кое сега е во тотален колапс. Стопанствениците велат дека досегашните мерки се само козметички и бараат нов гломазен пакет за да можат да преживеат.

Маријана Перковска од Текстилниот кластер за Алфа рече дека не само текстилните компании, туку и сите фирми се соочуваат со досега не видени загуби. Ако државата не помогне, дефинитивно ќе се затвораат и фирми, и работниците ќе бидат избркани од работа.

Колку е опасна состојбата покажува апелот на првиот човек на комората на сметководители кој предупреди дека доколку нема системски мерки ќе немаме стопанство:

– Дополнително, субвенционирање на плати и придонеси во сите сектори, не само туризам, транспорт и угостителство како први директно погодени, како и да се донесе Закон за кризен данок и фискална контрола во кризни ситуации, со времетраење од 6 до 8 месеци. Со ова ќе се води контрола на профитерство во кризни моменти како и ќе даде можност за менаџирање на приходната и расходна страна на буџетот, рече Драган Митковски.

Дополнителен хаос создаваат и веќе донесените мерки кои на фирмите повеќе им создаваат проблеми отколку што им помагаат. За бескаматните кредити кои треба да им помогнат на фирмите кои се на удар се бара еден куп документација за која фирмите се приморани дури и лично да одат на шалтерите.

Онлајн е пријавувањето за кредитите, но за вадењето на документите очигледно мора да се дојде на шалтер.

Каков е ефектот од системските мерки кои ги донесе владата, покажуваше и хаосот овде пред влезот на УЈП, кој денеска создаде редици од граѓани.

Оние кои ги затекнавме пред вратите, не беа расположени за коментар.

Стопанственици алармираат и за ограничувања и апссурдни условувања. Едно од нив е и што подружница на фирма не може да конкурира за кредитна поддршка доколку фирмата мајка има друга дејност. Ова веќе исфрлило од игра повеќе угостителски и сместувачки капацитети.

Дека власта киксира и спроведува погрешна политика за спас на стопанството и граѓаните, критикува и поранешниот советник на екс министерот за финансии Тевдоски кој вели дека административците не смеат жртви на погрешните економски политики.

Она што дополнително загрижува е фактот што ударот веќе не е само врз малите и средни фирми, туку и кај големите производствени капацитети. Дрекселмаер и Кромберг и Шуберт испратија над 10 илјади вработени на принуден одморт, а се погласни се и реакциите од еден куп вработени во разни фирми кои алармираат дека газдите ги отпуштиле или ги испратиле на одмор.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста