Бизнисмените со големи очекувања од изградбата на четирите патни правци кои ги гради „Бехтел и Енка“

Бизнисмените со големи очекувања од изградбата на четирите патни правци кои ги гради „Бехтел и Енка“

Побрз превоз на работници и производи, пониски трошоци, поголема конкурентност и привлекување странски инвеститори. Бизнисмените со големи очекувања од изградбата на четирите делници за кои е задолжен американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“. Патните правци Прилеп – Битола, од Требеништа до Ќафасан, од Гостивар до Букојчани и од Тетово до Гостивар се од клучно значење за компаниите на кои им треба побрзо да ги набавуваат, но и да ги доставуваат крајните производи до купувачите. Раце тријат и градежниците кои ќе работат на овие проекти. Велат дека конечно очекуваат некакво придвижување на овој сектор. Долгогодишната замреност и значително намалените капацитети речиси ги уништиле компаниите, па затоа имаат големи надежи во проектот.

По двегодишен застој конечно работите се придвижија напред во реализација на патните правци кои ги гради „Бехтел и Енка“. Стопанствениците и граѓаните од населените места кои ги поврзуваат патните правци се надеваат и на поголема безбедност во сообраќајот, затоа што, не ретко тие претставуваа црни точки на кои имаше и човеќки жртви. Премиерот и министрите минатата недела извршија увид во изградбата на делниците Прилеп-Битола и Гостивар-Букојќани. Мицкоски рече дека преговорите со “Бехтел и Енка“ почнале уште при неговата посета на самитот на НАТО во Вашингтон и процесот е деблокиран. Сега граѓаните конечно можеле да видат градежна експанзија на терен. По завршување на изградбата, од Скопје до Охрид треба да се стигне за помалку од два часа. Од конзорциумот „Бехтел и Енка“  велат дека дури 90 отсто од подизведувачите се македонски компании. Четирите делници ќе чинат 1,3 милијарди евра, а треба да бидат готови за нешто повеќе од 4 и пол години.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста