Бизнисмените револтирани од несериозниот однос на власта, бараат итни превентивни мерки

Револт кај бизнис заедницата поради несериозниот однос на власта во ублажување на бранот поскапувања, зашто додека другите држави воведуваат превентивни мерки, кај нема ништо од тоа. Капак на се, се ниските плати, и високите цени на лебот, брашното, маслото за јадење, кондиторските производи кои ќе бидат први на удар.

Паралелно, изгор скапата струја, но и на горивата, дополнително ќе ја подгреат инфлацијата. Затоа, државата мора да најде начин да интервенира и да го ублажи и онака нискиот и катастрофален стандард на граѓаните, алармира стопанството.

  • Ваквиот несериозен однос од власта не може да оди до небо. Владините министри независно од изборниот период, мора да работат и да се функционира како што треба, сите активности на владата имаат превез на корупција. Тоа значи дека сите треба да функционираат во насока на функционирање на системот без перцепиции, вели за Алфа, Миле Бошков, Претседателот на бизнис конфедерацијата на Македонија.

Паралелно, голем скок има кај цените на гасот, нафтата и струјата, но и неизвесноста на светските пазари на енергенти. И додека се оди на горе, ништо од најавите дека денеска јавноста ќе дознае колку пари ќе не чини набавката на интервентниот увоз на јаглен со кој власта ќе се обиде да ја превенира енергетската криза. Рокот за доставување на понудите за набавка на околу 1 милион тони јаглен истече пред два дена, а денеска требаше да види кои фирми добиле зелено светло. Бизнисмените велат дека мора сериозно да се пристапи кон целата ситуација, зашто време за чекање нема.

  • Не знам како во иднина компаниите кои што ќе произведуваат, без оглед дали се приватни или државни – како ќе го надоместат тој губиток. И дали тоа ќе предизвика даночна евазија, па и ценовен шок, ќе биде доста драматично, додава меѓу другото Бошков за Алфа.

Јагленот е потребен за да се пуштат целосно во погон „РЕК Битола“ и „ТЕЦ Осломеј“ со што од Владата сметаат дека ќе биде доволно за мирно да ја поминеме зимата. Освен увозот на јаглен, Владата засега не размислува да воведе други мерки за амортизација на ударот кој сериозно се чувствува во цените на производите.

Народната банка веќе најави умерено корегирање на инфлацијата која е проектирана на 2,2%. Некои експерти предупредуваат дека таа е двојно повисока. И за разлика од кај нас, во повеќе европски земји се воведуваат низа заштитни мерки за ублажување на ценовните шокови. Од Владата, пак, велат дека ја следат состојбата и ако имало потреба, дури тогаш ќе реагирале. 

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста