Бизнисмените критикуваат за слбата реализација на капиталните инвестиции

Слабиот одѕив на капиталните инестиции се должи на лошата координација меѓу централната и локалната власт, велат бизнисмени за Алфа. Според првиот човек на Организацијата на работодавачи, за да има сериозна реализација на капиталните проекти мора власта сериозно да ги засука ракавите и да направи добри проекти кои квалитетно и постепено ќе се рализираат, а не тоа да го прави само пред избори. Од бизнис секторот велат дека Владата мора да размислува дека секоја инвестиција мора да има економска динамика и поврат на средства.

  • Катастрофално лошата реализација на капиталните инвестиции која досега годинава изнесува едвај 30% од планираното е лоша вест за стопанството. Без сериозни инвестиции во здрави и квалитетни проекти, економијата нема да се развива со посакуваната динамика. Тврдењата на власта дека реализацијата допрва ќе забрза според нив се мала утеха, со оглед на претстојните избори кога очекуваат да случуи доополнителен застој, вели меѓу другото Миле Бошков, од Организација на работодавачи на Македонија.

Владата потроши само една третина од предвидените пари за капитални инвестиции. Во изградба на патишта, пруги, школи, болници, гасификација, за 8 месеци инвестирани се 10 милијарди 84 милиони денари или 164 милиони евра, покажуваат податоците на министерството за финансии.

Оптимизмост на власта дека ќе се стаса до 80% ќе биде само на хартија, зашто следат избори, период кога се забранува секаква градежна активност, алармираат бизнисмените.

Инаку, со ребалансот на буџетот, владата одвои дополнителни 100 милиони евра за капитални расходи, со што вкупната бројка за оваа година е рекордна. Планирано е да се потрошат нешто над половина милијарда евра, односно 505 милиони евра.

Инаку, заклучно со јули, владата направила дефицит, односно буџетска дупка, од 306 милиони евра.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста