Бизнисмени на средба со дополнителната министерка Петрова, бараат спас од катастрофалната состојба во стопанството

Бизнисмени на средба со дополнителната министерка Петрова, бараат спас од катастрофалната состојба во стопанството

Македонското стопанство на колена. Стопанствениците  разочарани, а досегашните мерки и политики не ги дале очекуваните резултати. Тоа е причина за голем број на производствени капацитети се затварат и пропаѓаат преку ноќ. Најалармантно е во месопреработувачката, мелничко-пекарската и текстилната индустрија. Ова е општата отценка на дополнителната министерка за финансии, по серијата средби со стопанствениците од целата држава.

   „Сите овие индустрии трпат лоши последици заради политиките на попустливост во примената на договорите. Лошите политики во субвенционирањето, едноставно нелојалната конкуренција на која се изложени, политиките за справување со инфлацијата. Сето ова оставило голем одраз врз намалуваање и неискористување на овие капацитети„ изјави дополнителната министерка за финансии, Елена Петрова.

На стопанствениците треба да им ја вратиме довербата во системот, доколку сакаме нивниот капитал да остане овде, порача штипскиот градоначалник Иван Јорданов. Според него, во наредниот период над 5000 работници во текстилниот сектор ќе бидат засегнати од глобалната економија. За да се спасат работните места и да не се зголеми бројот на невработени  потребни се конкретни мерки, порача Јорданов.

   „Да се помогне на ова стопанство за да се преброди овој период. Но во исто време да се размислува за преструктуирње на капиталот, за да може практично мултициплира и да се генерира развој во економијата. Освен ова најгорчлив проблем со кој се соочуваат стопанствениците е големото ниво на корупција и нефункционалноста на институциите„ изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

Сопанствениците како предлози за подобрување на ситуацијата од дополнителната министерка за финансии, побарале да се подобрат можностите  за да се намали недостатокот од работна сила, како и поддржка во модернизацијата и зголемување на производствените капацитети.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста