Бизнисмен, господин и инспекторка – кои се кандидатите кои не можат да соберат ниту илјада потписи?

Бизнисмен, господин и инспекторка – кои се кандидатите кои не можат да соберат ниту илјада потписи?

Еден бизнисмен, еден господин, една инспекторка и еден бојкотирач – ова е профилот на кандидатите за претседател кои имаат огромна желба да учествуваат во претседателската трка, но немаат подршка, односно по речиси цела недела не можат да соберат ниту илјада потписи за својата кандидатура. На листата од дури 11 претенденти за шеф на државата, четворица се издвојуваат, бидејќи заедно, имаат само неколку стотина потписи – тоа се Ѓорѓи Манасков, Зорица Цветковска, Господин Поповски и Томе Николоски.

Најсилен помеѓу најслабите, во моентов е кандидатот Ѓорѓи Манасков. Претседател на стопанската комора за енергетика на Македонија, која се залага за национализација на комапнијата ЕВН. Со околу двеста потписи, Манасков порача ќе донесе економски инвестиции од Кина.

  • „- ЕВН се врати на државата и граѓаните,
    – Донесам економска инвестиции и грандови од Кина, за сопствена изградба на Чебрен Галиште, Вардар пловен, пригата Будимпешта -Атина, и мн.други инвестиции,
    – Влеземе ВЕДНАШ во БРИК“ – Објави Манасков.

Второто место на рангот за најмлаку потписи во трката до Вила Водно го има инспекторката Зорица Цветковска, од партијата Десна. Политичката опција која неодамна го смени Љупчо Палевски од раководната позиција, поради обвинението за двојно убиство. Иако на Зорица не и оди со потписите, таа веќе има објавено програма.

  • „Со мојата инаугурација, ВЕДНАШ ќе започнам со активности за реетаблирање на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.
    Во таа смисла:
    Заклетвата кога ќе ја давам, ќе биде заклетва кон РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.
    Ќе покренам иницијатива за РЕФЕРЕНДУМ за раскинување на договорите со Бугарија и Грција. Врз основа на моите надлежности нема да потпишам ниту еден Указ за Закон на кој што ќе пишува северна.“ – Напиша Зорица Цветковска.

Сите имаат кандидати, само Вевчани има „Господин.“ Со десетина потписи, вевчанецот Господин Поповски на социјалните мрежи сподели дека веќе предничи пред актуелниот претседател Пендаровски, кој пак се уште не започнал со собирање на потписи.

  • „Господин Попоски имат собрано повеќе потписи од Стево Пендаровски“ – Сподели Попоски.

Попоски е втор одзади, со најмала поддршка. Тој работи како градежен работник и земјоделец, а во изјава за локални медиуми, порача оти ќе се залага за името, студентите, земјоделците и пензионерите.

Додека пак на „нулта“ позиција е поречанецот Томе Николоски. Тој воопшто не се помести од стартната линија, бидејќи досега за не го нема ниту еден потпис. Еден ден по најавата за кандидатурата, со писмо до државната изрбона комисија, тој најви бојкот на процесот. Вели, граѓаните треба да одат и по 50 километри за еден потпис.

  • „Господине Даштевски го БОЈКОТИРАМ собирањето на потписите и не сакам да бидам декор и некојси потрчко на некоја личност,и сум разочаран од вашата индолетност.“ – Објави Николоски.

Како овие кандидати, така и оние од партиите, имаат рок да соберат 10 илјади потписи најдоцна до 8 март, за да имаат шанса да се натпреваруваат во трката до Вила водно.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста