Бизнис аларм: Последиците од Ковид кризата итно мора да се надополнат со забрзан економски раст

Стопанството алармира, а власта и натаму тактизира околу заживување на економијата. Бизнис заедницата бара државата да помогне во креирање на нови работни места за да нема клуч на вратат на добар дел од бизнисите кои останаа без работници. Министерот за економија, пак, дури сега излегува со стратегија која со примена ќе почне од следната година. На денешниот состанок бизнисмените рекоа дека немаат целосна доверба оваа стратегија која е задоцнета ќе ги даде посакуваните резултати.

Сериозните последици од пандемијата мора час поскоро да се надополнат со забрзан раст, алармира стопанството. Бизнис заедницата бара креирање на нови работни места и раст на економијата до 5%, како и обезбедување фискална консолидација, но намалувањето на јавниот долг под 60% од БДП и враќање на буџетскиот дефицит на 3%.

На денешната средба во Стопанската комора, бизнисмените го поддржаа планот за екомски раст, но побараа однапред дефинирани критериуми, законска регулатива, форсирање на обновливите извори на енергија, и укажаа на слабостите како погрешните субвенции во агросекторот, лошата состојба во градежништвото, состојбата со пазарот на работна сила која веќе и да ја нема.

Министерот финансии пак го правда новиот економски план, кој ќе ги обединел сите механизми за поддршка на инвестициските активности на државата, кои треба да стартуваат од идната година.

Првиот човек на Стопанската комора Бранко Азески го поздрави континуираниот дијалог со Министерството за финансии, но побара јасно прецизирање дека нема да има зголемување на даноците, улогата на приватниот сектор во целиот план и форсирање на петте клучни приоритети на приватниот сектор, како борбата против сивата економија и корупцијата во која земјава буквално „се дави“, забрзувањето на процесот на гасификација, поддршката на извозните компании, како и средување на состојбите во јавната администрација.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста