Бившиот го брани сегашниот: Шилегов адвокат-бранител на Каевски за проневерата на 5 милиони евра од ваучерите

Бившиот го брани сегашниот: Шилегов адвокат-бранител на Каевски за проневерата на 5 милиони евра од ваучерите

Поранешните директори на Агенцијата за спорт Каевски и Мојсовски кои се обвинети со уште 10-мина други за злоупотреби за доделувањето спортски ваучери, ќе викаат на суд професори од Правниот факултет за да докажуваат дека не направиле ништо незаконски. Пред судот се изјаснија дека не чуствуваат вина, иако обвинителството ги гони дека направиле штета на државната каса поголема од 5 милиони евра.

Професорите Нанев, Давитковски и Лажетиќ ги предлага одбраната да сведочат но во својство на што – прашува обвинителката Раичевиќ:

  • „Забележувам нови на сведоци, од типот на професорот Лазар Нанев, професроот Давитковски, професорката Лажетиќ, а немам околности на кои тие треба да сведочат. И затоа предложив да ми се образложи зошто и во кое својство се тие повикани да сведочат “ рече обвинителката Раичевиќ.

Првообвинетиот Дарко Каевски, со лонгета дојде на суд откако првото рочиште се одложи поради домашното лекување по операцијата што ја имал. Неговиот бранител, екс – портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов побара додека е во ваква состојба да не се јавува секој понеделник во судот како мерка на претпазливост која му е одредена.

  • Имајќи ја предвид здравствената состојба на обвинетиот Дарко Каевски и отежнатото движење во последните три недели, додека ја носи лонгетата, барам од судот да го ослободи во наредните три недели од обврската да се јавува секој понеделник“ рече Шилегов пред судот.

Адвокатот Туфергџиќ кој застапува тројца обвинети вели не слушнале ниту еден аргумент на што се темели обвинението.

  • „Членовите на ЦК немале ниту можност да ги сторат кривичните дела за кое се товарат бидејќи тие биле адвинистративно-технички орган“ Владимир Туфегџиќ –  Адвокат на тројца обвинети во случајот.

Според трето обвинетиот Даниел Димевски, обвинителката Раичевиќ сеела обвинителска магла, наместо да ги обелодени вистинските виновници кои правеле злоупотреби со ваучерскиот систем.

  • „Како исчезнаа конкретните лица кои беа пријавени за злоупотребите на системот за ваучерите, кој што барале и добиле проценти и се звучни имиња, и како овој предмет се преврте “ рече Даниел Димевски – третообвинет во предметот.

Според обвинението, по претходна иницијатива на Антикорупциска, Дарко Каевски, Наумче Мојсовски и уште 10 други се обвинети дека не ги испочитувале критериумите и правилниците за доделување ваучери со што направиле штета од над пет милиони евра.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )