Битолски трговец изгубен во уредбите за короната

 

Бизнис со венчаници, свечени фустани, како и други потрепштини поврзани со свадби и кршетевки, препознатлив во битолската чаршија до пред една година, имаше педесет и едно годишниот Тони Богдановски. Претходно од осумнаесет годишна возраст, навлегуваше во тајните на  трговијата, а чаршијата беше неговиот втор дом. Но, ете, годинава удри короната и после 15 март, откако  ги забранија свадбите и крштевките, го  затвори дуќанот, чекајќи помош од државата, за да го премости ова време- невреме. Но, помошта не стаса, институциите едноставно, него и останатите од оваа фела ги заборави.

– Никако, катастрофа сум. Пропаѓам, оти 15 март дуќанот е затворен . Таа вработена што беше, отиде технолошки вишок и зошто ни направија проблем , а дуќанот не работи. Сега се јавува уште еден проблем. Ем не добивам пари за плати и скоро сум готов и затворам, ЈП за деловен простор ни пушта опомени за кириите. Во овој дуќан не постои фискален апарат, лоти не е сервисиран и фискална каса немам оти не работи, а прометот е нула- рече Тони Богдановски.

 Помош за плата не доби, за поддршка исто така, а се обрати секаде- до УЈП, до ресорните министерства, но од нигде никаде абер не стаса. Ги гледале само праграфите и бројките, оти морал вработените да ги задржи.

  • Па не знам, ќе одам на суд. Ако има некој добар судија да процени дека овој дуќан не по моја вина не работи, туку државата не затвори, сите што се занимавме со свадбите не затвори. Ниту еден не проработивме од тогаш, еве до мене не е отворен. Што да продавам, кога е  забранета дејност. Дали владата не промаши, или не не зеде во обзир дека постоиме, не знам што се случи- вели Богдановски.

По три и пол децении работа, оваа горчлива приказна зачинета со интертноста на институциите, веројатно ќе заврши како и многу други со безброј затворени дуќани и искршени парчиња на живот.

Петар Стефановски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста