Битолската општина се` уште не поднела барање за поевтина струја

Поминаа седум дена откако Советот на Општината Битола, по предлог на советничката група на ГИ „Поинаку“, едногласно донесе Одлука од Владата да се побара субвенционирање на струјата за битолчани , с`е со цел, додека стаса гасификацијата да се намали греењето со фосилни горива како главен генератор на аерозагадувањето и поради близината на РЕК „Битола“ како една од петте најцрни еко- точки во Европа. Од Општината барем засега молк, а воздржани се и иницијаторите, во очекување да се изјаснат институциите. Но, што мислат битолчани?

  • Ние во Битола се труеме, а цела Македонија ја обезбедуваме со струја.- Блису Београд има едно село и зема бесплатна струја бидејќи од таму го вадеа јагленот и дека му чадел- Ние треба да добиеме и топло греење, се и сешто, ама врват години и не се остварува- Дека ќе има некои субвенции и ќе имаме поефтина струја, не би можел да претпоставам- Заев за Битола мора да даде, зашто и Битола многу даде за Заев- рекоа битолчани во денешната анкета.
    Оваа одлука на Советот создаде какофонија во локалните релации, на линија на советници и општинска управа, с`е до партиските штабови.
  • Битолчани сметаат дека конзулскиот град заслужува да добие субвенционирана струја. Но, барањето кое треба да стаса до Владата за субвенционирање, некако споро оди и една недела помина, а градските татковци с`е уште не можат да стават потпис на одлуката што Советот на Општината пред една недела ја донесе .

  • Од Општината велат дека сега се чека потписот на претседавачот на Советот и на градоначалничката, кои заедно со координаторот на советничката група на СДСМ, наредниот ден по седницата , отпатуваа во Франција за да го јакнат братството со Епинал, откако претходно се испишманија, веројатно, по партиска препорака. Во Битола останаа незадоволните граѓани да протестираат пред Општината барајќи почист воздух, а сега се чека Владата да се изјасни, од што, во голема мерка ќе зависи судбината на натамошните протести.