Битолската чаршија остана без занаетчии

Иако годините натежнале врз неговите плеќи, чичко Дуле Павловски шнајдер на 82 години, с`е уште простуми и секојдневно пет децении ја плете својата животна приказна со иглата и конецот во битолската чаршија.  Некогаш, тука се шиеја костуми по последна мода, а сега останаа крпачките работи. Но, ете, во дуќанчето с`е уште зрачи некоја аура, оттргната од виорот на времето кое ги однесе речиси сите занаетчии.

        – Нема занаетчии, државата не даде можност. Сега, сите младите побегнаа и тоа е. Инаку, сега занаетчија сум јас што раб оти. Другите не се ниту занаетчии и не знаат да работат. Младите што треба да работат, тие сакаат соседење. Продавачки, ама кому ќе продаваат?- рече чичко  Дуле Павловски.

        Дека гаснат занаетчиските предизвици на некогашните мајстори и тајфи заедно со нивните судбини и спомени, сосема случајно деновиве, такви дрматични моменти долови објективот на нашата камера, каде што се спуштаа кепенците на последната ковачка работилница.

        -Стемнато ми  е многу. Не оди работата, ама баш ништо- рече Нетко ковачот.

        Државата малку направи за да ја спаси оваа дејност од пропаѓање, несогледувајќи ги искуствата од Германија и Холандија, кај кои занаетчиството е значаен стопански лост, а младите заминуваат во еден правец.

  • Нема шанси чаршијата да се оправи како што треба да биде, зашто како што гледате младите ни бегаат, а работа нема како што имаше порано- рече Ѓорги Кочовски, претседател на Здружението на занаетчии од Битола.

Со традиција од два века, битолската чаршија остана со највозрасните занаетчии кои се бројат на прсти, а самиот факт што барем стотина и повеќе дуќани се под катанец, заокружува една мрачна слика која се слева во општото сивило.

Петар Стефановски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста