Битола се доближува до третиот пик, Филипче во посета на Ковид- центарот

  Во Битола во текот на вчерашниот ден беа регистрирани 105 заболени лица од корона, што е рекорд од почетокот на пандемијата. Меѓутоа, спред сите прогнози, врввот на овој ковид- бран се очекува кон петнаесетти април. Денеска, министерот Филипче ја посети Клиничката болница, а директорката д-р Билјана Гагачовска рече дека, битолскиот ковид – центар со трите пунктови и 220 легла и кој е најголем во државата, спремен е да ги прифати сите пациенти на кои им е потребна хоспитализација.

-Во модуларниот центар располагаме со сто кревети и имаат централен довод на кислород. Со терапијата, немаме застој во добавувањата и ги имаме сите лекарства па дури и најновите што се даваат по клиниките во Скопје. Се надевам дека мерките ќе започната да се почитуваат од граѓаните, а во моментов располагаме со 30 слободни кревети во двата пункта, но очекуваме наплив според бројките и мораме да сме спремни да ги примаме пациентите, бидејќи не смееме да дозволиме ниту еден пациент да биде вратен- рече директорката д-р Билјана Гагачовска.

Министерот Филипче рече дека системот на модуларни болници опфаќа 19 објекти во 16 општини, а во Битола се три, што го прави битолскиот ковид- центар најголем во државата. На битолчани им препорача да ги почитуваат стандардните мерки и препораки, а во пресрет на верските празници, одлуките за превенција ќе бидат сериозно преиспитани.

Петар Стефановски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста