Битола ја зафатија поларни студови

                Во раните утрински часови, поради температурната инверзија на ниските температури од под Пелистерието кон Пелагониската котлина, Битола повеќе часови ја зафатија поларни студови од минуст 22 степена, а во некои микро- средини низ Пелагонија , живиниот столб на термометрите слезе до 24 степени целзиусови под нулата. Во вакви услови, градот осамна со целосно измрзнати коловози, улици и тротоари. Од ЈП “Нискоградба“ велат дека во такви услови не може да се третираат сообраќајниците и улиците, а после десет часот кога температурата во Битола се искачи на   – 7 степени, започна фрлање на ризла и сол. Под вакви околности, опасно е излегувањето на пешаците како високоризичен предизвик од паѓање и искршеници, а за возачите е намалена безбедноста во сообраќајот заради излизгување и можно излетување од коловозите. Најризично е во високите коти на населбата Баир , градската периферија и во приградските и селски патишта и улици. Од ЈП “Водовод“ велат дека при вакви студови, зголемена е потрошувачаката на вода и дневно за домаќинставата  испорачуваат над 600 литри вода во секунда, бидејќи многу славини во ноќните часови останаа отворени поради можно измрзнување. За среќа, во моментов поголеми дефекти нема, но од “Водовод“ велат дека тие значително ќе се зголемат штом попуштат студовите во наредните денови. Од Општината Новаци ни рекоа дека утрово околу РЕК “Битола“ температурите беа 22 степена под нулата, а денеска механизацијата планира да го пробие регионалниот пат во Мариово – од Рапеш, преку Зовиќ и Старавина, с`е до Градешница. Поларните студовите си дојдоа по своето и во ски- центарот “Нижо поле“, каде што има оштетување на петтиот столб од жичарницата. Меѓутоа, стрежевци се оптимисти и велат, дека за викендот се очекуваат потопли температури и ноќно скијање, ако биде отстранет дефектот.

Петар Стефановски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста