Битка за Скопје: Новите проекти на Арсовска, наспроти старите нереализирани на Шилегов

Инфраструктурата, економијата, но и чистиот воздух се во фокусот на кампањата за локалните избори на кандидатите за градоначалници за главниот град. Петре Шилегов од СДСМ ветува дека Скопје ќе го направи одлично место за живеење, но и покрај четирите години власт, добар дел од најавуваните проекти сега заборава да ги повтори. Шилегов не успеа да ги сработи ветувањата, но и да ги заврши проектите кои му ги остави Коце Трајановски. повторно ветува нов брз јавен транспорт, тунели и булевари како „Борис Трајковски“ кој 4 години никако да го сработи. 

Шилегов, сега за помпезно најавуваните, а заборавени проекти не зборува ништо, туку најавува сосема други. Денеска ја испофали Зоолошката, која блесна во нов сјај уште во времето на неговиот претходник. Шилегов сега вели дека странци доаѓале да ја посетат како атракција.

Дино паркот, фламингата, пингвините и слонови како дел од новата понуда на Скопје ЗОО, како што беше посочено, директно придонеле за зголемениот интерес за посети кој во просек се зголемил на над 30.000 посети неделно.

  • Новиот Дино парк кој се простира на површина од 2000 м2 е тематски парк од забавно-едукативен карактер кој нуди забава и едукација за сите возрасти, а најмногу за најмладата популација. Има вкупно 41 реплика на диносауруси од креда и јура периодот, од кои дел се во природна големина со синхронизирани движења, проследени со звуци. Скопскиот Дино Парк е првиот на Балканот каде што има толкав голем број на фигури од праисториски животни, како и едукативни содржини за секој од различните видови животни, истакна Шилегов.

Од друга страна, неговата противничка, Данела Арсовска, која според досегашните анкети има најголема поддршка меѓу граѓаните се фокусира на капиталните инвестициски проекти и кон економијата. Арсовска критикува дека Скопје го загубило сјајот на метропола, каква што заслужуваат граѓаните. Таа изнесе конкретни решенија кои треба да ја подобрат сообраќајната инфраструктура на метрополата. Пет булевари, со кои ќе се создаде внатрешна обиколница за решавање на хаосот, но и конечно завршување на проектите кои Коце Трајановски му ги остави на Шилегов.

Наспроти 35-те набавени еколошки автобуси од страна на Шилегов, Арсовска зборуцва за 250 нови еколошки автобуси, но и политика на бесплатен јавен превоз за намалување на сообраќајниот метеж и загадувањето. Арсовска денеска најави и дека културата ќе биде на повисоко ниво. Вели, еднаш месечно во Скопје ќе се организирало по најналку еден еден фестивал.

  • На Скопје му е потребна нова енергија, потребни му се културни случувања. Скопје ќе биде град на фестивалите. Планираме одржување на најмалку 12 фестивали, за секој месец во годината по еден фестивал. Златно славејче кое е симбол на Скопје ќе се возобнови. Градот ќе ја продолжи и ќе ја зголеми поддршката на Скопје Џез Фестивал. Само на тој начин ќе се гарантира популаризација, одржување и подем на овој фестивал кој го зазема своето место на листата најквалитетни џез фестивали во овој дел од Европа, истакна Арсовска.

Таа додаде дека покрај функционална Универзалната сала ќе се изгради и концертна арена на отворено. Како дел од програмата е заживување на Старата чаршија преку проектот Ритамот на чаршијата, а ќе се посвети и дополнителна грижа за зачувување и популаризација на Куршумли Ан, Капан Ан, Сули Ан, Чифте Амам, Даут-пашин Амам и Безистенот.

Шилегови и Арсовска не се единствените кандидати во трката за градоначалничката позиција за главниот град, но според анкетите тие се далеку пред останатите претенденти. Арсовска е независен кандидат од позиција на прв човек на Сојузот на стопански комори, со големо домашно но и меѓународно искуство. Зад нејзуината кмнезависна кандидатура застана ВМРО-ДПМНЕ со Коалицијата.

Петре Шилегов е долги години во политиката како дел од социјалдемократите. Има адвокатска канцеларија и важи за човек со дебело финансиско но и имотно конто. Во пресрет на изборите но и во тејкот на кампањата во јавноста се обелоденија повеќе скандали за неговиот имот, но и низа докази за коруптивни тендери во град скопје. Локалните избори ќе се одржат в недела на 17 октомври.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста