Битка за минималната плата- ќе има договор или штрајк?

Зголемување на минималната плата на 18.000 денари или генерален штрајк. Две сценарија се на маса на социјалните партнери кои ќе бараат решение на проблемот и барањето на Сојузот на синдикатите на Македонија. Власта и натаму тактизира, иако зборува дека решението за повисока минимална плата е потребно. Но проблем е тајмингот за неговото носење. Синдикатот бара веднаш, Владата пак зборува за решение но некаде на пролет. Од ССМ бараат уште утре, итно покачување на минималната плата на 18.000 денари, зашто според нив, се било поскапено. Ако не се чуе нивниот глас најавуваат сеработнишки штрајк за што веќе има и донесено одлука во Синдикатот:

„Зголемувањето на минималната плата и зголемувањето на сите останати плати треба да се случи уште утре. Ние бараме, како социјално- рамноправни партнери и го аргументираме се ова на база на оваа анализа за ефектите од минималната плата врз претпријатијата како и работниците и со оваа анализа докажуваме дека  доколку се случи уште утре, ние ќе имаме задоволен, попродуктивен работник, но и поголем профит за компаниите“  изјави- Дарко Димовски  Претседател на ССМ.

Решението ќе се бара на седница на економско сицијалниот совет на која освен синдикатот и Владата партнери се и работодавачите. Бизнисмените се против брзи и со закон наметнати решенија за повиссока плата, посебно во услови на криза која ги става под сериозен притисок компаниите. Стопанствениците велат дека не се против зголемување на платите, но инсистираат тоа да биде наметнато од продуктивноста.

Наспроти ова Синдикатот како аргумент плус ја става и нивната анализа која покажала дека растот на платите нема да има негативно влијание на компаниите, туку напротив ќе поттикне поголема продуктивност на работниците. Ова го сметаат и дел од економистите:

„Податоци во преден план, каде што се платите на работниците. Значи сите права на работници, кои што се официјално вработени, значи добиваат официјално плата во државата се вклучени во нашата“ изјави- Бранимир Јовановиќ.

Освен зголемен минималец на 18.000 денари, Синдикатот бара регрес за годишен одмор за сите вработени во администрацијата и јавниот сектор. Минималецот кај нас изнесува 15.194 денари.

Јане Трпковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста