Битиќи: Очекувам пратениците за брзо време да гласаат за воведување на еколошка такса, во прашање се денови

Дали од четврток ќе точиме поскапи горива за 4 денари по литар останува неизвесно. Ако се суди според досегашната пракса, мали се шансите еколошката таска да почне да се применува од 1-ви јули, зашто Законот тешко ќе ги помине собраниските филтри. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи се надева дека опозициските и останатите пратеници ќе го поддржат Законот. Но доколку не помине во Собрание и ако 30-те милиони евра до крајот на годината не бидат обезбедени, Битиќи немаше одговор. Посочи дека граѓаните сами ќе кажат кој е планот „Б“, ако ВМРО-ДПМНЕ и Алтернатива го блокираат носењето на законот.

  • Дали тоа ќе биде за 15 дена или за еден месец, можеби е работа на денови, но мислам дека ќе бидат донесени и не верувам дека ќе се случи спротивното. Денеска видовме одличен систем кој дава слика колкав е диспаритетот во нашата земја меѓу регионите. Како земја, да имавме претходно доблест и разум, денеска немаше да зборуваме за 0,25 отсто инвестирање во регионите од БДП, туку ќе зборувавме за над еден отсто. Но, бидејќи тоа го немаме, ќе повикам на разум за еколошката такса затоа што значи инвестирање за нашите граѓани, а не инвестирање во што било, рече Битиќи.

Воведувањето еколошка такса според премиерот ќе се компензирало со тоа што се очекува да се укине воведената акциза од 2 денара на горивата. Иако се најавени блокади во Парламентот верува дека врз основа на дебата ќе се сфатело колку е тоа важно.

  • Еколошката такса се воведува во момент кога се укинува  акцизата од три денари што ја  донесовме за време на корона-кризата. Сега барел нафта е 596 долари, ако помине нафтата на берзите 600 долари, а се очекува да се случи деновиве, ќе се укинат и двата денари акциза, така што имаме едно компензирање со што акумулираме еден еколошки фонд, рече премиерот.

Измените во Законот за животна средина се пратени во Собрание и пратениците треба да го разгледаат по скратена постапка. Во членот два од текстот стои дека Законот влегува во сила откако ќе биде објавен во Службен весник, а ќе се применува од 1. јули.

Што се однесува пак, за новата цена на струјата што за два дена треба да ја соопшти Регулаторната комисија за енергетика, Битиќи е оптимист дека нема да има поскапување.

  • Сепак да почекаме уште некој ден пред РКЕ да го даде конечниот став, посочи Битиќи.

Владата неодамна до Собранието го достави предлогот за воведување на зелена еколошка такса од 4 денари по литар гориво. Се очекува таксата да биде воведена од 1 јули и годишно во Буџетот да се влеваат околу 50 милиони евра, кои ќе бидат искористени за инвестициски зелени проекти во замена на фосилните, со обновливи извори на струја.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста