Бислимовски против високите барања од енергетските компании за цената на струјата

Бислимовски против високите барања од енергетските компании за цената на струјата

Потрошувачите ја очекуваат пресметката за новата цена на струјата која треба да се применува од први јануари. Дел од енергетските компании побараа да им бидат признаени повисоки трошоци, но од регулаторна велат дека таквите високи барања кои влегуваат во финалната пресметка не биле никогаш прифатливи и не се ни сега.

МЕМО побара покачување на трошоците за речиси 80 отсто, МЕПСО околу 50 отсто но, цената судејќи по досегашната пракса најмногу ќе зависи од понудата што ќе ја достави ЕСМ до универзалниот снабдувач на тендерот кој ќе биде објавен следната недела.  

-Никогаш за РКЕ не биле прифатливи вакви високи барања така да ги гледаме пресметките но тоа нема да се случи во секој случај. Она што го гледаме сега како факт е дека голем број на мали потрошувачи се вратиле назад на слободниот пазар на електрична енергија што прави одредени притисоци на цената на електричната енергија. За  другиот дел не би сакал да шпекулирам бидејќи немаме податоци на цените по кои што ќе се купуваат загубите на струја и кај мепсо и кај електродистрибуција а дополнително и тендерот на универзалниот снабдувач ќе биде следната недела, вели претседател на РКЕ, Марко Бислимовски.

Покачување на цената на струјата не очекува ни Владата.

При последната пресметка во јули власта не дозволи ценовен шок со измените на законот за енергетика со кои на универзалниот снабдувач евн им беше продолжена лиценцата наместо да отвораат посебна фирма.

Засега според најавите од регулаторна нема да има дополнителен час евтина струја преку ден поради што анализите покажале дека ако сега се воведе поради состојбите на пазарите ќе треба да се укинат два часа од ноќната тарифа од 22-24 часот

Инаку се подготвува и нов закон за енергетика со кој ќе либерализација на пазарите на електрична енергија. Така и универзалниот снабдувач ЕВН ХОУМ сам ќе ја регулира својата цена но, по претходен одреден тарифен систем од РКЕ.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста