Бислимоски не се плаши од заканите со кривични пријави од БЕГ кон РКЕ

Цената по која БЕГ откупува од ТЕ-ТО е пониска за 15%, отколку таа сама да ја произведува вели претседателот на Регулаторната Комисија за енергетика Марко Бислимовски. Според него, не било логично компанија на која и е намален трошокот за набавка на енергија да се жали и да бара тој трошок да биде повисок.

Вели, никаде во светот цената на произведена топлинската енергија каде се произведува и електрична енергија има ефикасност од над 90%, не е иста со цената на топлинската енергија произведена котел кој произведува само топлинска енергија со ефикасност до 36%.

-Тоа првпат го применивме во оваа одлука. Во минатото БЕГ дистрибуција откупувал од ТЕ-ТО топлинска енергија која била за 0,02 денара за киловат час поевтина од цената на топлинската енергија која ја произведувале едногенеративните постројки на БЕГ производство. Ова што сега го бара БЕГ дистрибуција се коси со секоја економска логика и со целокупната наука. Според нивната логика, треба цената на топлинската енергија произведена од когенеративни постројки кои имаат многу поголема ефикасност да биде иста како и цената произведена од едногенеративни постројки, појасни Бислимоски.

Во минатото се откупувала од тето топлинска енергија поевтина за 0,02 денари. Барањето на БЕГ е економски неонправдано велат од Регулаторна. Тој посочи дека БЕГ дистрибуција ја обжали последната одлука што ја донесе РКЕ за вршење на дејноста и побара времена мерка и најави дека до утре ќе достават одговор до Управниот суд.

-Ова е прв и единствен случај не само во нашата држава, туку и насекаде во светот компанија на која и е намален трошокот за набавка на енергија да се жали и да бара тој трошок да биде повисок, рече Бислимоски.

Бислимовски порача дека ниту се плаши, ниту, пак, во иднина ќе се плаши од заканите со кривични пријави кон РКЕ кои произлегуваат од тужбата од БЕГ дистрибуција. Прецизира дека секаде во светот се градат когенеративни постројки бидејќи имаат висока ефикасност и покрај од производство на топлинска енергија имаат и приходи од производство на струја.

Со одлуката на РКЕ на БЕГ дистрибуција, прецизира, е утврдено за 15% да и биде пониска цената на топлинската енергија што ја откупува од ТЕ-ТО од цената за топлинската енергија што ја произведува БЕГ. Со одлуката цената по која БЕГ ја откупува топлинската енергија од ТЕ-ТО е пониска во 2018 за 0,28 денари, а во 2019 за 0,3 денари.

Борис Грујоски